Директорот Коста Петров со тв шоу во Фондот за иновации

Во описот на работа на директорот на ФИТР не се предвидени надлежности кои од него бараат да креира и учествува во медиумска содржини за промотивни цели. Тој снима интервјуа во квалитетни сетови, а за маркетинг и продукциски активности Фондот потпишал договор од речиси 200,000 евра со две маркетинг агенции: Бригада Дизајн и Њу Момент.

Вршителот на должност, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој и потпретседател на СДСМ, Коста Петров, последните два месеца снима промотивни видео интервјуа со млади иноватори, кои потоа ги споделува на социјалните мрежи.

Во текот на декември 2020 година и во јануари годинава, директорот Петров има снимено три интервјуа, од кои две со млади иноватори што добиле финансиска поддршка од Фондот за иновации, а во едно интервју разговара со познат иноватор, кој досега не бил корисник на таква поддршка.

Интервјуата се снимаат во лежерна атмосфера, во позадина стои банерот на Фондот за иновации, а Петров на соговорниците им се обраќа во прво лице.

„Се сеќавам дека се запознавме пред пет години и со кој ентузијазам ми зборуваше за идејата за Бреинстер. Во кој момент си кажа себе си, ок, доста беше од ова што сега го работам, сега сакам да започнам нешто свое, нешто ново“, го прашува Коста Петров својот соговорник.

Целиот текст може да го прочитате на: ИРЛ.МК