Директорот на Јавното претпријатие „Паркови и заленило“ поднесе оставка

Поради здравствени поблеми, Зухејр Реџепи, кадар на ДУИ, поднесе во неделата оставка од функцијата директор на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.

Реџепи беше назначен на функцијата лани во септември откако кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери си поднесоа оставки по несогласувањата со  градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која во март му даде на Реџепи менаџерски договор од четири години.

Реџепи за оставката информираше преку социјалните мрежи а во објавата наведе дека „ѝ благодарам на градоначалничката Арсовска за укажаната доверба и можност, но здравјето е поважна од секоја функција. На новото раководство му посакувам успешна и плодна работа“.