Директорот на Центарот за социјални работи во Радовиш нападнал полицајци

Директорот на Центарот за социјална работа во Радовиш, пијан направил хаос во полициската станица и се обидел да ги нападне полицајците.

Од МВР информираат дека вчера во 19:00 часот во Полициската станица Радовиш бил приведен А.Ф.(36) од Радовиш.

Тој дошол во просториите на полициската станица Радовиш во алкохолизирана состојба, за да пријави нарушување на јавен ред и мир во кој учествувал, при што почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници.

„Лицето било задржано во полициската станица Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од МВР.