Директорот на CIA минатата седмица имал тајна средба со Зеленски

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (CIA) Вилијам Барнс тајно се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски на крајот од минатата недела во Киев за да разговара за тоа, според него, што планира Русија во наредните недели и месеци, извести весникот The Washington Post.

Според весникот, која се повикува на американски официјални претставници и други познати извори под услов да останат неименувани, Зеленски и високите украински разузнавачи изразиле загриженост за време на состанокот, особено за тоа колку долго Киев може да се потпира на помошта од Вашингтон и другите западни сили, посебно откако во САД републиканците сега го контролираат Претставничкиот дом на Конгресот, а меѓу делови на американското општество поддршката за помош на Украина се намалува.

Барнс ја нагласил „итноста на моментот на бојното поле“, но истакнал дека „во одредена фаза ќе биде потешко да се добие помош“.

Според изворите, Зеленски и неговите соработници се под впечаток дека поддршката на американската влада за Украина останува силна и дека итно финансирање од 45 милијарди долари за Украина одобрено од Конгресот во декември минатата година ќе продолжи најмалку до јули или август оваа година. Сепак, Киев не е толку сигурен во изгледите Конгресот да одобри нова помош од милијарди долари, велат изворите на кои се повикува весникот.