Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (CIA), Вилијам Барнс, се сретна во вторникот во Москва со влијателниот директор на рускиот Совет за безбедност, Николај Патрушев.
Патрушев и Барнс разговарале за „руско-американските врски“, се наведува рускиот Совет за безбедност во кусото соопштение за медиумите.
Посетата на челникот на водечката американска разузнавачка агенција, кого многумина го сметаат за најискусниот дипломат во моментов во САД, не беше најавено и рускиот Совет за безбедност не сакал да открива други поединости од средбата.
И американската амбасада во Москва не сакала да го коментира состаникот.
Вилијам Барнс, дипломат од кариера, беше амбасадор во Русија и во Јордан и заменик на државниот секретар во мандатите на претседателот Барак Обама. Тогаш го поттикна приближувањето со Иран со чии претставници во 2011 и 2012 во Оман тајно преговараше иако Вашингтон и Техеран не одржуваат дипломатски врски.
Средбата на двајцата високи безбедносни функционери се случува во периодот додека руско-американските односи се одбележани со низа големи спротиставување. Западот под водство на САД воведоа низа санкции против Русија уште во врска со наводната нејзина улога во граѓанската војна во Украина.
САД ја обвинуваат Русија за низа наводни хакерски напади и мешање во американскиот изборен систем. Москва, пак, го обвинува Вашингтон и неговите сојузници дека се мешаат во внатрешните работи на Русија, за врбување и плаќање на активисти кои ги претвора во опозициски политичари и дека вршат притисок врз новинарите на руските медиуми во странство.
Претставници на Русија и САД се сретнаа на 30-ти септември во Женева поради продолжување на стратешкиот дијалог кој во јуни го започнаа претседателите Владимир Путин и Џо Бајден, исто така, во Швајцарија. Бајден и Путина на самитот на 16-ти јуни истакнаа дека дијалогот меѓу двете земји е неопходно потребен, иако не се согласуваат по многу прашања. Потсетија дека Москва и Вашингтон разговаар дури и во текот на кулминацијата на идеолошката блоковска Студена војна за да се спречи најлошото.