Директорот на Цивилно воздухопловство, Тунтев, зема 3.300 евра плата

Денес продолжуваме со нови детали од аферата Паразити, голем број владини функционери земаат месечни плати неколкукратно поголеми од минималната, додека народот тоне во сиромаштија. А на индексот на мизерија сме втори во Европа. Дел од аферата Паразити е Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за Цивилно воздухопловство, кој зема плата од 203.000 денари месечно. Односно 3.300 евра месечно. Тоа се 40.000 евра за една година. Додека народот има просечна плата од 470 евра, за Тунтев од СДС тоа се 3300 евра, истакна Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

-Јавноста ниту го видела Тунтев по заминувањето од функцијата пратеник, ниту слушнала за неговата работа.

Тунтев не е директор во Германија или некоја друга развиена земја, тој е именуван функционер од владата во Македонија. Во Македонија во која што народот не може да се прехрани, а тој зема годишна плата од 40.000 евра. И за еден мандат ќе инкасира цели 160.000 евра.

Аферата Паразити покажува дека низ институциите лежат скриени поголем број именувани функционери кои во услови на криза додека најголемиот број од работниците работат за плата под просечната земаат плати кои на годишно ниво изнесуваат неколку десетици илјади евра, вели Томовски и додава:

„Дел од аферата Паразити е и директорот на ПУИК, Зоран Ѓорѓиев, со месечна плата од 105.000 денари. Истиот за една година наплаќа 1.260.000 денари, односно 21.000 евра.

Никола Љушев како дел од УО на Телеком зема месечна плата од 713.000 денари, односно 11.500 евра. За година дена тоа се 139.000 евра, а за еден мандат од 4 години 560.000 евра.

Љупчо Зиков, дежурен аналитичар на власта, а во принцип именуван функционер месечно од МЕПСО зема 80.000 денари, што за една година е 960.000 денари или 16.000 евра. Во текот на еден мандат тој од оваа енергетска компанија ќе инкасира 54.000 евра.

Ова се дел од функционерите од аферата Паразити, утре продолжуваме со нови детали, на нова прес конференција“.