Непознато е во кое својство директорот на државната новинска агенција МИА, Драган Антоновски, присуствуваше на трибината на владајечката СДСМ во вторникот, меѓутоа она што ја вознемирува јавноста е неговата сугестија дека Владата треба да врши контрола над програмата на телевизиите.
Од партиска Антоновски, инаку именуван а директор на МИА од актуелната Влада, седејќи до највисоки партиски функционери на СДСМ, побара владини институции да вршат контрола врз програмата на телевизиите пред таа да биде емитувана, нешто што во моментов се случува само во Северна Кореја.
Антоновски тврди дека има слаба контрола на медиумите коишто добиле лиценци за емитување на програма, прашувајќи дали надлежните ја провериле програмата којашто ја емитуваат, дали има контрола да се види колку имаат авторски содржини или сопствена медиумска продукција.
Директорот на Медиумската Информативна Агенција, Драган Антоновски учествувал на програмската трибина „Агенда 20 – 24 – Отворена Власт”, организирана од партијата што го номинира за директор на МИА која треба да биде непартиска и непристрасна агенција.
Антоновски во истиот настап даде уште една опасна теза, според која прашање е дали сѐ требало да се пренесува што е искажано од собраниската говорница. Нејасно е како директорот на препознава што е дезинформација, и која ќе биде цензорската комисија којашто тоа би го проценила и би интервенирала во момент, бидејќи собраниските седници се пренесуваат во живо.
За настапот на Антоновски информација е објавена и на партискиот сајт на СДСМ:
“Антоновски истакна дека од голема важноста е и писменоста на новинарите.
„Тоа е сегмент на којшто треба да се обрне сериозно внимание. Многу е битно предвид да се земат забелешките на Советот за етика на медиумите и другите здруженија. Многу е битно да се види со што се соочуваат новинарите и професијата”, рече Антоновски.
Како сериозени проблеми Антоновски ги истакна и ниските плати на новинарите, односно слабо платените новинари од кои не може да се очекува до крај да бидат професионални.
„Ги купуваат бидејќи газдите очекуваат новинарите да им работат за малку пари”, додаде Антоновски.
Според Антоновски деизнформации не потекнуваат само од одредени портали и новинари, туку и од Собранската говорница потенцирајќи ја важноста на релевантноста на изворот.
„Од собраниска говорница се кажуваат дезинформации, извртени теми што го покренува шрашањето дали треба да се пренесат сите, а треба да се биде и избалансиран. Дали треба се да оди во етер, бидејки така јас станувам само трансмитер на нешто што можеби не е вистина”, рече Антоновски.
Тој исто така детектираше слаба контрола на медиумите коишто добиле лиценци за емитување на програма, прашувајќи дали надлежните ја провериле програмата којашто ја емитуваат, дали има контрола да се види колку имаат авторски содржини или сопствена медиумска продукција, рече Антоновски”, пренесува официјалниот сајт на СДСМ.
На вчерашната трибина чијшто модератор беше советникот на Зоран Заев и националнен коодинатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец, говорници беа и Роберт Поповски, министер за комуникации, транспарентност и отчетност, Коста Петров, потпретседател на СДСМ, Снежана Трпевска, од Институтот РЕСИС – комуниколог истражувач, Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис и Драган Антоновски, МИА.
Информацијата на СДСМ за барањето на Антоновски за контрола на програмата на телевизиите на овој линк.