
Директорот на Invest in Macedonia, Арбен Вила барал 10% провизија од грантовите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, наменети за училиштата во Македонија, изјави Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ во „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.
Тој истакна дека до партијата е пристигната email кореспонденција каде Вила вели дека школото ќе биде орган што ќе избира најповолна понуда за менаџирање на тие средства, но секако треба да се имаат предвид и 10% од целокупниот буџет што нему треба да му следуваат.
-Замислете државна институција води човеков во извршна власт и советува школо како да ги заобиколи тендерските постапки. Директорот на Invest in Macedonia, Арбен Вила, кој се среќава со госпоѓата Димова неколку пати, а на училиштата им нуди 10% провизија да му дадат ако сакаат да добијат пари, потенцираше Андоновски.