Директорот на РК Вардар Борко Ристовски потпиша договор за соработка со Шпаркасе Лизинг

Добрите резултати на РК Вардар1961 сезонава, и позитивните ветришта што дуваат во клубот влијаат и на зголемувањето на бројот на компании кои се приклучуваат во постигнување на врвни резултати.

Од денеска нов член на семејството на РК Вардар е Друштвто за лизинг ШПАРКАСЕ ЛИЗИНГ.

Компанијата што повеќе од десет години функционира во Македонија го препозна квалитетот и потенцијалот на РК Вардар, и заедно почнуваат соработка кој најавува исполнување на стратешките цели на двата бренда. Поддршката од нашиот нов пријател е добредојдена во остварување на нашите цели.

Присуството на Шпаркасе во РК Вардар ќе придонесе до подобрување и зголемувањето на потенцијалот на клубот за остварување на поголеми спортски резултаи, а истовремено нашиот нов спонзор ќе добие уште поголема видливост и пристап до нови потенцијални клиенти.

Двата извршни директори, Марјан Манчев и Борко Ристовски го потпишаа договорот за соработка, и најавија дека е ова само почеток на квалитетна и успешна приказна.

„Ни претставува чест и задоволство што ќе можеме да споиме два успешни бренда, и ќе имаме соработка со која покажуваме дека Шпаркасе Лизинг останува најголемиот партнер на кој клиентите му веруваат, а истовремено ќе останеме општествено одговорна компанија. Убедени сме дека Вардар ќе биде таму каде што заслужува, на врвот и дека ние ќе придонесеме за остварување на целите и плановите на клубот, изјави Марјан Манчев, Извршниот директор на Шпаркасе Лизинг.

Борко Ристовски, Извршниот директор на Вардар изјави дека е среќен што се повеќе компании застануваат зад клубот.

„Драго ми е што Шпаркасе Лизинг ја препозна работата на клубот и патеките по кои се движиме. Позитивниот бран што го зафати клубот продолжува и сигурен сум дека соработката со Шпаркасе Лизинг ќе му помогне на Вардар во исполнување на своите цели. Знаеме да ги цениме своите пријатели и ветуваме дека ќе им овозможиме многу радосни моменти заедно со нас, изјави Борко Ристовски, Извршниот директор на РК Вардар.