Членот на Надзорниот одбор на ЈП Водовод и канализација-Скопје на Фесјбук се осврна на ситуацијата во ова јавно претпријатие која пред неколку денови ескалираше, од една страна директорот Драган Иливески а од друга челновите на Надзорниот и Управниот одбор. Членовите на одборите беа онвозможени да одржат состанок во просториите на ЈП Водовод и канализација-Скопје, при што обезбедувањето регаираше физички по наредба на дикректорот и ги оневозможи Надозорниот и Управниот одбор да одржат сединци.
„Во интерес на вистината, ние членовите на Управниот и Надзорниот одбор на ЈП Водовод и канализација-Скопје, сакаме да ја запознаеме јавноста со однесувањето на директорот на претпријатието Драган Илиевски кон нас и притисоците кои ги трпат вработените секојдневно, од негова страна. Ова однесување можеме да го поткрепиме со неколку документи“, вели Несторовски во објавата на Фејсбук и додава:
„Вистината е дека директорот Драган Илиевски, уште во месец мај 2023-та година дава наредба до сите вработени да не се даваат податоци, документи и договори за вработување на членовите на УО и НО, кои, воедно, се највисоки раководни тела во препријатието.
Вистината е дека во месец јули, тој дава уште една наредба до вработените, односно до обезбедувањето во управната зграда, а се однесува за сите членови на УО и НО, да се преземаат при влезот во управната зграда, притоа да бидат физички присутни со нив, во текот на целокупниот престој во зградата, се до нивниот излез. Овие членови се избрани и мора да бидат по службена должност таму, односно уредно се избрани токму од Арсовска, да бидат членови на овие одбори, а нејзиниот директор прави се да ги опструира во нивната работа, со што дури исценираа и планиран инцидент пред неколку дена, меѓу обезбедувањето и членовите. Ако некој имаше сомнежи, еве која беше причината за овој немил настан.
Вистината е дека ова се случува, само поради одбиените сомнителни милионски јавни набавки, барани од директорот, а одбиени од управниот одбор.
Вистината е дека, притисоците продолжуваат и денес, каде овие денови, од директорот Драган Илиевски и неговиот шеф на кабинет, Ѓорѓи Бошковски, под присила и уцени, било барано од раководителите на секторите да го подржат директорот со потписи на список, кој потоа планирале да го објават во јавноста и притоа лажно да претстават пред јавноста, дека имаат поддршка.
Ова нема да им помине, а вистината е исто така дека, ќе има и истрага и одговорност, за оние кои ги вршат овие притисоци врз вработените и раководителите, да дадат поддршка, за директорот, под уцена и присила.
Ова е вистината за состојбите во ЈП Водовод и канализација-Скопје. Управниот и Надзорниот Одбор, секогаш ќе работат во интерес на вработените и граѓаните на Град Скопје“.