Директорот на „Здравствен дом Скопје“ се журка! Дали протоколите важат и за членовите на комисијата?

Директорот на „ЈЗУ Здравствен дом Скопје“ Виктор Исјановски кој е член на Комисијата за заразни болести која одлучи да се забвранат настапите на музичарите во угостителските објекти се пофали дека присуствува на концерт на познат пејач од регионот.

-Господинот на фотографијата е членот на комисијата која одлучува да се забранат настапи на музичари низ угостителски објекти. Дали мерките се донесени откако омилениот пејач на дотичниов гостувал, а за домашните дека имаат потреба од настани: „според епидемиолошката слика не е време сега“? Дали протоколите важат и за членовите на комисијата?, објави на Фејсбук познатиот џез-вокалист, Џон Илија Апелгрен.

Членови на Комисијата за заразни болести освен министерот за здравство, Венко
Филипче се:
Проф. д-р. Миле Босилковски, ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести
и фебрилни состојби-Скопје.
Д-р. Зоран Стојановски, Министерство за здравство
Прим. Сузана Маневска, Министерство за здравство
Прим. др. Жарко Караџовски, ЈЗУ Институт за јавно здравје
Д-р. Владимир Миќиќ, ЈЗУ Институт за јавно здравје
Д-р. Милена Стевановиќ, ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и
фебрилни состојби-Скопје
Д-р. Илир Демири, ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни
состојби-Скопје
Д-р. Наташа Најдановска-Алуловска, ЈЗУ Универзитетска клиника за детски
болести
Д-р. Виктор Исјановски, директор на ЈЗУ Здравствен дом-Скопје
Проф. д-р. Милена Петровска, Институт за микробиологија и паразитологија,
Медицински факултет-Скопје
Прим. д-р. Александар Стојанов, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Скопје
Д-р. Иринка Сотирова Бухова, претседателка на Државен здравствен и санитарен
инспекторат
Д-р. Лилјана Деспотовска Ристовска, Државен здравствен и санитарен инспекторат
Ванчо Новоселски, Агенција за храна и ветеринарство
Грета Николовска, Агенција за храна и ветеринарство
М-р Марија Милкова, Центар за управување со кризи
Д-р. Кристина Ставридис, ЈЗУ Институт за јавно здравје член и секретар на
Комисијата
Како надворешен член на Комисијата е одредена Арта Кули од Канцеларијата на
Светската здравствена организација-Скопје.