Седумнаесеттата диспензирана канцеларија на Агенцијата за вработување, а четврта на Центарот за вработување на Град Скопје денеска беше отворена во просториите на Општина Бутел.
Канцеларијата ќе ги опслужува општините Чучер Сандево, Шуто Оризати, Бутел и дел од Чаир, најави директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, пренесува МИА.
– Граѓаните ќе имаат брза информација за какви работни места имаме на располагања, какви можности за вработување и кој мерки и програми ги имаме. Оваа канцеларија ќе биде прва во која што ќе се обавуваат едукации, односно без повикување на тие лица во центарот на градот, туку ќе бидат обавувани во оваа просторија, истакна Поповски.
Градоначалникот на Бутел Петре Латиновски рече дека Агенцијата за вработување внесе нов дух и енергија и нема да врши само вработувања туку и едукација преку која невработенете ќе се запознаат за мерките кои што ги превзема Агенцијата.
– Општината Бутел има многу компании, пред се индустриската зона Визбегово и отворањето на новите индустриски зони ќе претставуваат една убава можност на работотавачите најпосредно да воспостават контакт помеѓу нивните потреби и потребите на месното население, рече Латиновски.
Директорката на Центарот за вработување Скопје Слободанка Алексовска нагласи дека канцеларијата во Бутел ќе им овозможи на граѓаните полесен и побрз пристап до информациите за вработување.
– Во оваа канцеларија граѓаните ќе ги добијат сите услуги кои ги нудиме, како што е пријавување и одјавување на невработените, посредување при вработување, учество во активните мерки како и пријавување и одјавување на работен однос на работодавачите кон невработените, истакна Алексовска.
Во канцеларијата ќе бидат поставени компјутери на која граѓаните ќе имаат слободен пристап до објавените јавни огласи за вработување, а ќе имаа и можност да се запознаат со сите услуги на Агенцијата.