Фејсбук објава на страницата Ѓорче Петров:
Погледнете ги овие траорни сцени од еколошката катастрофа што и се случува на река Лепенец во Ново Село, ова не е никаде на друго место туку е во нашата општина Ѓорче Петров.
На оваа локација се создаде најголемата, најужасната дива депонија во Македонија!!
Погледнете и запрашајте се Зошто?
Зошто мора да ни се случува токму ова баш кај нас?
Зарем се поважни нечии црни бизниси од она што значи живот за сите Нас?
Зарем немаме доволно еко свест за да си кажеме стоп, крај, нема повеќе да го дозволиме ова!!Погледнете уште еднаш и споделете.
Споделете за сите да ги видат овие сцени и да пратиме порака до сите одговорни да се стави крај на овој еколошки помор
СТОП ЗА ДИВАТА ДЕПОНИЈА ВО НОВО СЕЛО
Видеото можете да го проследите ТУКА