Дивите животни се вратија во Чернобил. Истражувањето што се занимава со проучување на популацијата на дивите животни на подрачје од 4.200 километри квадратни во Чернобил, откри голем број големи цицачи, меѓу кои лосови, срни, елени и диви свињи.
Истите овие животни може да се најдат во четирите други природни резервати во регионот. Бројот на волци пронајдени во чернобилската зона е седум пати поголем од оној во сличните резервати во близина.
Овие резултати покажуваат дека и покрај ефектите на потенцијалната радијација врз одредени животни, во забранетата чернобилска зона се наоѓа изобилство од цицачи, дури и по три децении изложеност на радијација, велат авторите на истражувањето.
Поради нуклеарната катастрофа во Чернобил од 1986-тата година биле раселени околу 116.000 лица.
И додека тоа подрачје по катастрофата не е погодно за живот за луѓе, собраните податоци покажуваат дека дивиот живот, за разлика од очекувањата, процветал.
Истражувањето е предводено од професорот Џим Смит од Универзитетот Портсмут. Научниците велат дека е потребно и понатаму да се истражува за да се разберат подобро последиците од радијацијата и нивната техника на истражување да може да користи за да се оцени влијанието на Фукушима врз Јапонија.
Овие откритија се над се она што очекувавме дека ќе го видиме – дека јонизирачкото зрачење е опасно за живите организми. Резултатите би можеле да упатуваат на тоа дека повисоките ниво на радијација би можеле да имаат повеќе ефект врз дивиот живот, велат тие.
Тие нагласуваат дека многу е важно да се запомни дека откако луѓето ја напуштиле забранетата зона, нема агрокултура, шумарство, ниту ловење животни. Така, како што велат, можеби радијацијата можеби не е добра за животните, но отстранувањето на луѓето од нивното окружување со сигурност е добро.