Дизелот поевтинува, бензините со иста цена

Дизелот од вечерва на полноќ ќе се продава по поевтина цена за 2 денари, одлучи Регулаторна комисија.

Така цената од вечерва ќе изнесува 95 денари по литар. Цената на бензините останува иста, односно ЕУРОСУСПЕР95 ќе се продава по цена од 84,5 денари, а на ЕУРОСУПЕР-98 по цена од 87 денари.