Дизелот поевтинува, цената на бензините останува иста

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,38% во однос на одлуката од 8.4.2024 година.

Од утре, 16 април, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар), ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар), ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,50 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 77,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС 44,302 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, а на а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит.

Освен тоа, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит. А, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,871 ден/кг и сега ќе изнесува 44,302 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,536%, кај дизелот намалувањето е за 0,730%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,580% и кај мазутот намалувањето е за 2,057%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,362%.