Дизелот поевтинува од полноќ

Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,10 отсто.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,5 денари за литар и ќе изнесува 52 денари. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат,  и остануваат 61 денар за ЕУРОСУПЕР БС-95, 63 денари за ЕУРОСУПЕР БС-98  и 41,5 денари за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1).

Со одлуката на РКЕ за 0,445 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 31,268 денари.

Како причина за промената на малопродажни цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат променетите референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена кои се зголемени за околу 0,099 отсто кај бензинот и намалени кај дизелот за околу 1,215 отсто, како и за 0,74 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.