Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе oдлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,87% во однос на одлуката од 31.8.2023 година.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат.
Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит.
Цената на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,489 ден/кг и сега ќе изнесува 45,031 ден/кг.
Од 4.8.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин Еуросупер БС – 95 85,50 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС – 98 87,50 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 78,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 45,031 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат во просек намалување кај бензините за 0,323%, кај дизелот зголемување за 4,575%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 4,647% и кај мазутот зголемувањето е за 3,754%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,486%.