Дизелот стана најскапо гориво во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика вчера донесе одлука со која цената на дизел горивото поскапува за три дена.

Веќе од полноќ на бензиските пумпи, дизелот се продава по повисока цена.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат. За три денари поскапе и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).

Ова се актуелните цени на горивата:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 96,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 93,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 51,686 (денари/килограм)