Дјурант со 50 коша ги скрши Клиперс

EPA/EUGENE GARCIA SHUTTERSTOCK OUT

Кевин Вејн Дјурант постигна 50 поени и беше најзаслужен за победата на Голден Стејт Вориорс со 129:110 на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс, со кој актуелните шампион во НБА лигата со 4-2 изборија пласман во вториот круг од доигрувањето.

Покрај Дјурант, кај Вориорс најдобри беа Стеф Кари со 24 коша и Дрејмнон Грин кој оствари „трипл-дабл“ со 16 поени, 14 скокови и 10 асистенции. Домашните Клиперс ги предводеа Данило Галинари со 29 коша и Шај Гилгеус-Алесандер со 22 поени.

Во полуфиналето од Западната конференција Голден Стејт ќе се сретне со Хјустон, а првиот меч од серијата е веќе во недела навечер, во 21,30 часот по средноевропско време.