Дневен хороскоп 02.07.2018

Овен

Бидете подготвени правилно да изреагирате во секој момент. Мало невнимание може да има огромни последици. Концентрирајте се. Имате нереална слика за лицето кое ви се допаѓа. Соочете се со тоа дека тоа никогаш не може да биде какво што ние го замислуваме. Нема промени во здравствената состојба.

Бик

Многу сте нездоволни со промената што се случила. Можете да покажете но и да докажете дека сте заслужиле подобра позиција. Односот со саканото лице е ладен. Внесете промени во љубовниот живот бидејќи проблемите можат да се искомплицираат. Добро се чувствувате.

Близнаци

Некој упорно ве блокира да го покажете својот потенцијал. Бидете упорни па можете конечно да го решите овој проблем кој одамна ве мачи. Ако неодамна сте завршиле некоја врска мислите дека само вие сте несреќни поради прекинувањето на врската, но и партнерот се чувствува исто. И двајцата сте тврдоглави, уживајте во љубовта.Меланхолија.

Рак

Сте добиле ненадејна вест за деловен проект. Не се премислувајте, ова ќе биде уште еден предизвик за вас, кој добро ќе го одработите.Слободни, случајна средба со лице во знакот на Терезија ќе остави силен впечаток на вас. Можеби на повидок е нова љубов. Здравјето е добро.

Лав
За да дојдете до саканата цел неопходно ви е трпение. Не дозволувајте вашиот соработник да ве испровоцира. Котролирајте се.
Лицето во чија непосредна близина сте сака да ви изјави љубов. Можа да се остварат вашите тајни желби. Вљубените Лавови ќе имаат многу убав ден.
Можни се проблеми со забите.

Девица
Работата која е пред вас ќе биде полна со предизвици. Потрудете се да не ги прецените своите способности, а бидете повредни од инаку.
Вљубени сте во лице кое нема храброст да ви пријде. Превземете иницијатива и помогнете му да се опушти. Девиците во врска ќе минат мирен ден со саканото лице.
Здравјето е одлично.

Вага
Ќе имате исклулително напорни обврски. Важно е се’ да завршите во предвидениот рок и така да добиете напредување.
Љубомора и недоверба би можеле да ви го расипат расположението. Немате причини да се сомневате во саканото лице.
Зголемена нервоза.

Скорпија
Со позитивен став ќе успеете да надминете сериозни препреки. Бидете упорни, вредни и комуникативни и успехот е загарантиран.
Лицето со кое сте во кавга ќе најде начин со вас да стапи во контакт. Заборавете на гордоста и дајте му прилика. Вљубените Скорпии денес би можеле да го изненадат саканото лице со некој мал подарок.
Одржувајте ја кондицијата.

Стрелец
Приливот на некои пари ќе ви го поправи расположението па поради тоа потрудете се да ги заработите. Работата се одвива така како што сте планирале. Задоволни сте.
Оние кои се слободни можат да доживеат сериозни промени и средба која долго ја посакуваат. Препуштете се. Наспроти нив,зафатените ништо не треба да менуваат.
Здравјето е добро.

Јарец
На работното место очекувајте некои убави настани. Ќе бидете во можност поради вашата работа да доживеете пофалби што многу ќе влијае на вашата самодоверба.
Емотивниот живот ви е во втор план. Имате потреба да бидете сами, но немојте на тој начин да бегате од проблемите. Разговор со партнерот, можеби и разговор за вашите 10. минути слобода ќе ви годи.
Можни се проблеми со грлото.

Водолија
Имате идеална ситуација за започнување приватна работа. За оние кои се вработени нема битни случувања. Важно е да се концентрирате.
Саканото лице сака нешто да ви каже, но не се осмелува. Обрнете внимаие на неговото однесување и ако видите дека не е баш најсреќно потрудете се да го усреќите.
Главоболка.

Риби
Пред вас е работа која би можела да биде пресвртница во кариерата. Ви пристигнува важна информација која долго сте ја чекале.
Сакате да ставите точка на некоја врск која трае некое време. Партнерот не покажува интересирање за вашите потреби.
Здравјето ви е одлично.