Овен
Денес не ги премолчувајте желбите и идеите. Расположени сте и ослободени од грижи, па тоа треба да го искористите за да се посветите на работата. Сепак избегнувајте груби деловни критики кои може да ви ја нарушат хармонијата. Во љубовта слободно отворете ги деликатните теми кои одамна ве мачат.
Бик
Денес во се ќе гледате предизвик. Најдобро би било енергијата да ја насочите кон работите кои ви носат стабилност. Ова е среќен ден за деловни потписи и заеднички договори со соработниците. Во љубовта создадете поинтимна атмосфера, во спротивно ве очекува заладување на односите и оддалечување.
Близнаци
Денес сте импулсивни, па што и да правите, прво размислете двапати за последиците. На работното место поставете здрави граници и не дозволувајте туѓите финансиски грижи да ви го нарушат мирот. Во љубовта не вмешувајте трети лица доколку имате недоразбирање со партнерот.
Рак
Дистанцирајте се од анализите кои ве полнат со грижи. Потребно е да соработувате ако сакате да постигнете подобри деловни резултати. Фокусирајте на вашите приоритети. Денес ќе внезете во нова емотивна фаза во која мора да бидете по авантуристи и да не играте секогаш на сигурна карта.
Лав
Контролирајте ги емоциите пред целосно да ви го исцрпат здравјето. Среќата ви е на поле работа, па не чекајте предолго пред да изнесете некој став или идеја. Во љубовта бидете отворени за неочекувани пресврти и разговарајте за вашите идеали за иднината. Молчењето ви е најлош избор денес.
Девица
Отсутни сте со умот, па треба да бидете внимателни во сите дискусии, да не откриете нешто што не смеете. На работното место најдобро е да се сконцентрирате на секојдневните обврски и да не откривате нови територии. Во љубовта среќата ви е наклонета. Гледајте само кон иднината, не во минатото.
Вага
Повеќе слушајте го телото и неговите потреби, а помалку натрупаниот распоред. На работното место покажете квалитет, не брзина, само така ќе добиете поддршка. Љубовта ќе ви биде во центарот на грижите. Не ризикувајте. Добро размислете пред да кажете било што.
Скорпија
Денес шегите не ги сфаќајте лично, премногу сте заштитнички настроени. На работното место не се мешајте во дискусии кои не ве засегаат. Одморете ја главата од улогата на медијатор. Во љубовта не покажувајте посесивност. Контролирањето на оваа емоција може да ви ја спаси врската.
Стрелец
Денес сте вешти со употребата на зборови, искористете го овој квалитет за преговори. Внимавајте тензичните односи со колегите да не ви се одразат на заработката. Во љубовта тешко ќе искажувате емоции, па тоа може да ви ги залади односите. Обидете се повеќе да комуницирате.
Јарец
Потпрете се на пријателите, тие денес ќе ве полнат со мир и хармонија. На работното место не инсистирајте да бидете во право по секоја цена. Решете ги конфликтите кои долго ги игнорирате. Во љубовта не трпите доминација, па ако некој се обиде да ве контролира, гласно побунете се.
Водолија
Денес имате доволно идеи и инспирација, па ова е одличен ден да поработите на деловното остварување. Не ги игнорирајте малите детали и коментари од колегите, тие може да ви откријат важни сегменти во работата. Во љубовта не се плашете да преземете иницијатива.
Риби
Денес мора да бидете селективни кому му верувате. Држете здрава дистанца од колегите и не ја мешајте приватноста, ако не сакате работата да трпи. Некој близок пријател ќе ви посочи што правите погрешно во љубовта. Прифатете ја критиката без лутење.