Овен
Денес потребна ви е поголема физичка активност, доколку не сакате енергијата да ја насочите кон негативни дискусии и кавги. На работното место потпрете се на интуицијата, не на туѓите мислења и коментари. Во љубовта соништата ќе станат реалност само ако бидете поспонтани.
Бик
Ќе почувствувате бран на меланхолија, кој ќе помине само ако се опкружите со позитивни луѓе. На работното место дајте си повеќе време да се адаптирате на промените. Не си поставувајте рокови и притисоци без потреба. Во љубовта очекувајте напредок само ако намалите со себичноста.
Близнаци
Денес дозволете да ве води претчувството. Активирајте се физички ако сакате да го сочувате здравјето. На работното место не потпишувајте ништо и не склучувајте договори, ви недостасува концентрација и склони сте на грешки. Повеќе посветете се на љубовната иднина, отколку минатото.
Рак
Покажете се како медијатор помеѓу две блиски лица и ќе сочувате важни контакти. На работното место нека ве водат фантазиите и креативноста. Исто така, прифатете ја помошта која ви се нуди. Поемотивни сте од вообичаено, па избегнувајте љубовни активности во кои е неопходно да останете објективни.
Лав
Денес јасно ги гледате намерите на луѓето околу вас, па не дозволувајте да ве залажат комплиментите и убавите зборови. На работното место мора да мислите и делувате самостојно за да успеете. Во љубовта крајно време е да расчистите каде стоите.
Девица
Денес уживајте во убавините и шансите кои ви се нудат, без чувство на вина. Претерувате со анализирањето и така си ја скратувате среќата. На работното место направете нешто ново, неочекувано и гледајте како надредените ве наградуваат. На поле љубов важно е да одолеете на искушенијата.
Вага
Денес бидете љубезни кон новите познаници, тие ќе ви отворат нови врати и можности на повеќе полиња. На работното место околностите се на ваша страна, искористете ги за да се покажете во добро светло пред надредените. Напорот ќе ви се исплати. Во љубовта сте водени од страстите, па затоа не претерувајте со планирање на иднината.
Скорпија
Умот ви е на сите страни, па внимателно да не заборавите клучни детали и обврски. Запишувајте го неопходното. На работното место не бидете срамежливи и гласно кажете ги вашите достигнувања. Така ќе ви се отворат нови шанси. Во љубовта намалете со критиките.
Стрелец
Денес имате потреба за авантура, па побегнете и на рутината. На работното место вклучете се во нови проекти и соработки со колегите, тоа ќе ви ја поттикне креативноста. Внимателно анализирајте ја љубовната ситуација од поинаков агол. Може да забележите работи кои инаку ги игнорирате, а се клучни.
Јарец
Денес ќе бидете понервозни од вообичаено, па внимавајте да не се истурите на блиски луѓе без посебна причина. На работното место бидете директни, јасни и гласни за да избегнете сплетки. Среќата ви е на поле љубов и треба да ја искористите за да се соочите со стравовите од минатото.
Водолија
Денес исклучете ја логиката, емоциите ве водат во правилна насока. На работното место важно е да не го менувате мислењето и расположението пречесто, ако сакате да ве сфатат сериозно. Љубовните сериозни дискусии одложете ги за друг ден. Ова е добар ден за авантури и необични активности во пар.
Риби
Денес е поволен ден за усвојување на нови, поздрави навики. Доколку ве совлада чувство на замор, потпрете се на пријателите. На работното место искористете ги комуникациските вештини кои ги имате за да го добиете тоа што одамна го посакувате. Во љубовта минувате низ романтична криза, па не очекувајте и планирајте премногу.