Дневен хороскоп (12 март 2023)

Овен 21.3.- 20.4.

Ве мачи нетрпение, станувате напнати. Очекувате вести од кои зависи планот на следните активности. Не е во прашање само денешниот ден, туку на некој начин во прашање е работа која долгорочно ќе ве насочи по кој пат ќе одите.

Бик 21.4.-21.5.

Се чини како сите да подлегнале на атмосферата која за вас е нездрава. Смислувате начини како да ги избегнете сите обврски и некое време да минете изолирани од сите случувања. Бидете трпеливи и не размислувајте на повлекување.

Близнаци 22.5.- 21.6.

Можеби денеска ќе запознаете личност со која ве чека романтична авантура. Сепак, доколку го сопрете вашето его, тогаш врската можеби ќе потрае. Освен тоа избегнувајте шопинг затоа што може да ви се појави грешка која подоцна нема да може да ја исправите.

Рак 22.6. – 22.7.

Очекувате промени во чија реализација сте имале значајна улога. Трпението денеска не ви е силна страна, па извесна е тензија и нерасположение. Неопходно е работите да ги задржите под контрола и да не бидете темпераментни, во спротивно ви следуваат сериозни стресови.

Лав 23.7.- 22.8.

Изложени сте на непријатности. Ако и понатаму одбивате да ја прифатите новата ситуација, се ќе се влоши. Исто така очекувајте компликации со службените лица па советот е да работите се според закон и прописи и се да биде на време завршено.

Девица 23.8. – 22,9.

Изморени сте од темпото кое ве притиска веќе некое време. Ве обесхрабруваат барања од сите страни како и парични обврски кои се наталожиле. Немојте да ги обвинувате другите што е се на вам, затоа што сами сте презеле таква одговорност, па сега треба да истраете.

Вага 23,9. – 22.10.

Комуникација со личност во странство може да ви биде од голема корист. Работните планови се развиваат во правец кој сте го посакувале. Сепак, немојте да ги прифаќате работите здраво за готово, своите планови засега чувајте ги далеку од јавноста.

Шкорпија 23.10.- 22.11.

Премногу сте сериозни. Денот е совршен да си дадете себе малку одмор, да избегнете работа и да минете часови во друштво со пријатели кои не ве оптоваруваат со ништо. Работата нема да избега, а никој нема да забележи дека ве нема, а вие ќе се чувствувате освежено.

Стрелец 21.11.- 21.12.

Кај вас се оди во пакет, работа, пари и љубовен живот. Сепак, од вас се бара да се прилагодите на нови околности. Не сте еластични, па сето тоа ви пречи затоа што секоја промена која не сте ја предизвикале во вам буди фрустрација.

Јарец 22.12.- 19.1.

Денот е одбележан со жестоки караници во кои ќе ве вовлечат соработниците кои сте ги сметале за пријатели. После утринскиот пад на расположението и минливата меланхолија, попладнето минува во знак на добро расположение и релаксација.

Водолија 20.1.- 19.2.

Не сте сигурни што сакате. Можно е малку да го подобрите расположението, иако некои проблеми и натаму постојат. Сепак, може да воздивнете затоа што денешниот ден не носи ништо спектакуларно добро, но најважно е што нема ниту влошување.

Риби 20.2.- 20.3.

Чувствувате дека стигнува прилив на енергија која ви недостасувала. Паралелно доаѓаат и нови обврски кои може да ве загрижат. Опуштете се, иако пред вас е период на напорна работа, на крајот ве чека паричен надомест кој ќе ве расположи.