ОВЕН
После долг период на тешкотии, се приближува времето за успех – ќе добиете сè кон што целите! Можеби ќе појдете на далечно патување. Ако не, очекувајте среќа во сферата на работата, науката и љубовта. Набрзо ќе може да ја преземете улогата на лидер.
БИК
Имате потреба за свесна приватност и сакате да се повлечете во осаменост. Понекогаш наликувате на генерал кој што посматра кога да нападне, но бидете внимателни и добро избирајте ги соработниците околу вас. Успехот е можен, но само доколку внимавате.
БЛИЗНАЦИ
Во моментов, вашето однесување треба да е љубезно и учтиво, пријателско и воздржано. Фокусирајте се на себе си и внимателно разгледајте ја својата позиција. Изразете го своето почитување кон претпоставените. Сега тоа ќе помогне. Неочекувана случка.
РАК
Ова е убав ден во кој ве чека среќа, но ќе внимавате да не навредите некој и ги налутите своите пријатели. Еден ваш близок пријател ќе има силно влијание врз вас денес и ќе ве натера го смените својот став кон него или неа. Не провоцирајте завист кај другите.
ЛАВ
Можеби се чини дека потклекнувате под тежината која што ја носите, но наскоро ќе се свестите и ќе ја преземете старата позиција. Бидете умерени и ослободени. Поради повеќе причини, а најмногу финансиските, се чувствувате засрамено. Помошта доаѓа.
ДЕВИЦА
Најлошото е веќе минато, иако некои тешкотии остануваат. Учествувајте во генералните цели, бидејќи успехот ќе го најдете соработувајќи со другите. Извршувањето на задачите многу зависи од предноста и советите кои што ви ги даваат претпоставените.
ВАГА
Месечината во Овен ви предизвикува одреден немир и имате чувство дека луѓето околу вас се намерно малициозни. Смирете се и не лутете се, ситуацијата набрзо ќе биде добра. Некоја жена ве нервира и ви е тешко да најдете сојузници. Внимавајте и молчете.
СКОРПИЈА
Доаѓа до проширување во социјалната арена, како и нов начин на кој што ќе ги претставите своите квалитети. Отпочнете нова кариера. Започнете нова врска и пријателство. Романса и емоции. Препуштете му се на срцето и тоа ќе ве води до најубав заклучок. Надежи.
СТРЕЛЕЦ
Екстремно успешен период, на сите полиња и околности. Постигнете ја својата цел храбро, но истовремено бидете претпазливи да не навредите некој од блиските пријатели. Колку повеќе ќе се трудите, толку повеќе ќе постигнете сега. Дружете се и забавувајте.
ЈАРЕЦ
Ќе добиете неочекувана порака или ќе бидете посетени од неочекуван гостин. Внимателно избирајте со кого ќе се зближите и ќе уживате во интимата. Периодов е поволен за романса. Сепак, имајте во предвид дека некоја личност може да ви здодее. Добри намери.
ВОДОЛИЈА
Доаѓате до истакната позиција и како да не можете да се смирите додека сте на врвот. Сега е потребно да бидете решителни и мудри, бидејќи ве очекуваат промени во следните шест месеци. Желбите нека ви бидат разумни и скромни, па ќе се исполнат сите до една.
РИБИ
Чувствувате како сè околу вас се менува и движи, затоа во моментов немате висока самодоверба. Откако ќе размислите и ја смените својата перспектива, шансите сами ќе се отворат пред вас. Околностите ќе се сменат кон подобро. Смена на скорешните планови.