Дневен хороскоп

Овен 

Раширете ги крилјата и одлетајте на место кое отсекогаш сте копнееле да го видите. Денес Сонцето влегува во вашата 9-та куќа на авантурите и патувањата, будејќи ја вашата желба за спонтани одлуки.
Некои овни ќе бидат освоени од лице од друга држава или ќе започнат соработка со странец. Ризикувајте!

Бик

Зошто да сакате малку кога можете да љубите со целото ваше срце? Денес Сонцето влегува во вашата 8-ма куќа на интензивните чувства и интимноста, носејќи ги сите ваши емоции на највисоко ниво. Нема да можете да скриете дека сте заљубени.
Ако сте во врска, резервирајте ја ноќта за саканиот. Ќе бидете како со лепак залепени за него.

Близнаци

Кои се вашите најважни личности? Ставете ги на пиедестал во месецот кој доаѓа. Денес Сонцето влегува во стрелец, вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства и обврзувањето, поттикнувајќи ве целосно да се насочите кон саканите.
Некои близнаци може да се израдуваат на свршенички прстен на раката, а други да го кажат судбоносното „да“.

Рак

Ја чувствувате енергијата како лудува во вашето тело? „Виновно“ за тоа ќе биде Сонцето, кое денес започнува едномесечно патување во вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот. Интензивирајте ги вашите тренинзи.
Многу ракови ќе станат „зависни“ од организираност. Тоа многу ќе им помогне на професионален план.

Лав

Забележувате ли колку бројни се погледите насочени кон вас? Денес Сонцето влегува во вашата 5-та куќа на гламурозниот изглед и флертувањето, правејќи ве најпривлечниот знак во хороскопот.
Ниту едно срце нема да остане затворено доколку вие одлучите да тропнете на него.

Девица

Од денес, па сè до 22 декември вие ќе бидете заштитникот на вашето семејство и личноста која смело ги решава фамилијарните проблеми. Сонцето ќе престојува во вашата 4-та куќа на домот и семејството, вртејќи го вашиот фокус кон вашите најблиски.
Можно е да забележите дека ве растажуваат или усреќуваат многу повеќе нешта од вообичаено. Сентименталноста ќе ви биде максимална.

Вага

Топката е во вас, докажете се на работното место. Денес Сонцето влегува во вашата 3-та куќа на комуникацијата, поттикнувајќи ве отворено да зборувате за вашите идеи и да ги покажувате вашите таленти. Ова не е месец за скромност.
Сонцето ќе остане во овој ваш сектор до 22 декември. Завршете колку што е можно повеќе проекти пред да започне празничната сезона.

Шкорпија

Вие ќе знаете како се заработува во месецот кој претстои. Денес Сонцето влегува во вашата 2-ра куќа на работата и парите, давајќи ви способност да ги намирисате најдобрите зделки и можности за заработка. Збогум финансиски проблеми!
Самодовербата исто така ќе ви се зголеми овој месец. Ќе верувате дека можете да ја исполните секоја цел што ќе си ја поставите пред себе.

Стрелец

Вашиот најубав месец е тука, замислете си ја роденденската желба и гледајте како таа се сместува во реалноста. Денес Сонцето влегува во вашиот знак, означувајќи го почетокот на прекрасен период за сите стрелци без исклучок.
Не ги чекајте празниците за да се забавувате. Вашето време за доцни излегувања и луди забави е тука.

Јарец

Збогувајте се со сè што ви го растажува лицето во месецот кој доаѓа за да можете да го дочекате начисто вашиот период од годината. Денес Сонцето ќе ја посети вашата 12-та куќа на завршетоците и ослободувањето, поттикнувајќи ве да го фрлите товарот кој го носите на вашиот грб.
Некои јарци ќе се збогуваат засекогаш со нивен бивши кој постојано доаѓа и си заминува од нивниот живот.

Водолија

Од пријателите никогаш нема да ви биде доста во претстојните месец дена. Денес Сонцето влегува во вашата друштвена 11-та куќа, будејќи ја вашата желба за дружење и забави. Колку повеќе луѓе, толку подобро ќе се чувствувате.
Користете ја технологијата максимално за да си го подобрите животот, имиџот или присуството на вашиот бизнис на социјалните мрежи.

Риби

Работата ќе ве исполнува максимално во периодот кој претстои, па ќе ви се допаѓа кога сте зафатени. Престојот на Сонцето во вашата куќа на кариерата и долгорочното планирање ќе ве направи незапирливи.
Не се стремете кон цели кои носат само моментално задоволство, туку кон цели кои со години ќе ве усреќуваат.