3.8 C
Skopje
петок, ноември 15, 2024

Дневен хороскоп (14 ноември 2020)

ОВЕН

Надредената личност е незадоволна од вашите резултати, а исто и вие. Јасно ви е дека некои промени се неопходни, но не сте сигурни какви. Имате симпатија кон која и натаму не ги покажувате емоциите. Расположението е во пад.

БИК

Ве чекаат тешкотии кои оневозможуваат реализација на работните планови. Емотивната врска е во криза, но сметате дека нема потреба да се трудите околу неа, затоа што проблемите не можат да се решат. Проблеми со штитната жлезда.

БЛИЗНАЦИ

Вложувате голема енергија во работата, но резултатите се слаби. Надредената личност ви дава инструкции и поддршка. Сфаќате дека сте во врска која не ви одговара и сакате што побрзо да ја прекинете. Елиминаторниот систем работи забавено.

РАК

Вредни сте, но првата причина е можноста на брз начин да дојдете до приход. Не сте задоволни од однесувањето на партнерот. Очекувате да покаже повеќе љубов кон вас. Чувствителна жолчка.

ЛАВ

Барањето на работа дала плод. Конечно ви стигнува понуда која ви одговора и која ја прифаќате. Премногу сте фокусирани на работните обврски за да се видите со партнерот. Проблеми со кожата.

ДЕВИЦА

Ви пречи кога не ја држите ситуацијата под контрола. Растргнати се на повеќе страни и веќе не знаете што е приоритет, а што не. Работата влијае и на емотивното поле па вашата средба со партнерот не ве интересира и ја откажувате. Нервозни сте.

ВАГА

Работната и финансиската ситуација е стабилна и вие тука ништо не би менувале. Емотивно сте неисполнети. Никој не ве интригира и посакувате да се вљубите. Тоа е тешко со оглед дека не водите активен друштвен живот. Се чувствувате добро.

ШКОРПИЈА

Имате впечаток дека ситуацијата на работа е непроменета и не може да се поправи. Се одлучувате да барате друга работа. Емотивно сте задоволни. Партнерот ви пружа потребно чувство на сигурност. Уринарна инфекција.

СТРЕЛЕЦ

Работата стагнира и поради тоа сте нерасположени. Финансиите се ограничени поради што сте загрижени. Кога е емотивната сфера во прашање, не личите на себе. Имате недостаток на самодоверба. Хронични проблеми со реума.

ЈАРЕЦ

Соработката со колегите не е најдобра. Имате многу идеи но никако да се сложите која е најдобра. Врската се губи. Тоа мирно го прифаќате затоа што сте свесни дека емоции повеќе нема. Проблеми со притисокот.

ВОДОЛИЈА

Ве очекува успешен работен пат кој е причина за подобрување на финансиите. Не сте задоволни од бракот. Малото несогласување прераснува во голема караница. Стабилно здравје.

РИБИ

На работа држите се под контрола. Со оглед дека се се одвива како што треба, правите нови планови. Емотивно сте заинтересирани, но и пасивни. Дискретно се обидувате да дознаете што повеќе информации. Добро се чувствувате.