ОВЕН
Работа: Прилично сте дипломатични и на шармантен начин ги постигнувате работните цели.
Љубов: Обожавате се кај партнерот и имате впечаток дека сте во врска со идеална личност.
Здравје: Грлото ви е чувствително, внимавајте со ладни пијалоци.
БИК
Работа: Тврдоглави сте и не попуштате што може да доведе до револт кон колегите. Пробајте да бидете отворени кон второ мислење.
Љубов: Поволен ден за комуникација и флерт со симпатија.
Здравје: Бубрезите се чувствителни.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Работата не ви оди од рака, и внимавајте во вложувањата. Нека не биде нешто со големи вложувања.
Љубов: Љубовта ви е многу добро прикажана, па би било добро да се посветите на партнерот.
Здравје: Можни проблеми со кожата.
РАК
Работа: Оптимистички сте расположени и со полна верба се соочувате со работните проблеми.
Љубов: Размислувате за емотивното минато и се каете поради направените грешки.
Здравје: Во физичка смисла сте мрзеливи.
ЛАВ
Работа: Се чувствувате фрустрирано поради работна стагнација, иако вие не сте виновни за лошите резултати.
Љубов: Денот е поволен за комуникација и средба со личност од другата половина.
Здравје: Главата ви е чувствителна и можна е мигрена.
ДЕВИЦА
Работа: Оваа област премногу ве загрижува и имате субјективен впечаток дека никогаш не било полошо.
Љубов: Емотивно не сте задоволни и не сте расположени за било какви средби и дружења.
Здравје: Бубрезите се чувствителни.
ВАГА
Работа: Ја идеализирате ситуацијата на работата и имате впечаток дека е многу подобра отколку што навистина е.
Љубов: Емотивно сте чувствителни и ќе бидете во шанса малку бурно, иако непотребно да реагирате на партнерот.
Здравје: Одлично.
ШКОРПИЈА
Работа: Стагнација на полето работа доведува до недостаток на самодоверба.
Љубов: Компензација за проблемите на работата наоѓате во емотивната врска со партнерот кој во целост ве разбира и ве поддржува.
Здравје: Синусите се чувствителни.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Ви недостасува чувство за тимска работа, и упорно пробувате сопствените работни идеји да ги „проголтате“ како најдобро.
Љубов: Емотивно сте растроени и се прашувате што би било во минатото да сте повлкеле поинакви потези.
Здравје: Малку сте нервозни.
ЈАРЕЦ
Работа: Се обидувате на шарм да добиете одредени привилегии кај соработниците.
Љубов: Пред вас е љубовна понуда од необврзувачки тип и се двоумите дали да ја прифатите.
Здравје: Размислувате за диета, но немате силна волја да ја почнете.
ВОДОЛИЈА
Работа: Финансиите ви се идеја која ве води кога се работните обврски во прашање, и првенство давате на работите кои носат пари.
Љубов: Во емотивна рамнотежа сте и уживате во друштво со саканата личност.
Здравје: Нервоза.
РИБИ
Работа: Уживате во работните обврски и во тоа да се движите под контрола.
Љубов: Сонувате на тема љубов, а очекувањата ви се нереални.
Здравје: Проблеми со алергии.