Дневен хороскоп (17.03.2014)

Овен

На емотивен план ќе биде убаво. Се наоѓате во фаза кога ќе имате прилика да ги покажете своите способности. Одлично се чувствувате.

Бик

Партнерот е маѓепсан од вашата енергија и независност. Едно е она што го посакувате, а можностите се сосема други. Мора да бидете поскромни. Здравјето ви е чувствително.

Близнаци

Можете многу лесно да се впуштите во авантура. Иако сакате да учите, денеска нема да ви биде лесно да ги совладате задачите. Здравјето ви е добро.

Рак

Доколку ви е важен партнерот, немојте да се однесувате слободно. На одредени соработници не им се јасни вашите предлози. Преполни сте со енергија.

Лав

Со партнерот изградивте одличен однос. Премногу сте повлечени па не успевате да ги наметнете своите идеи. Здравјето ви е добро.

Девица

Постои можност партнерот да го фатите како лаже. Ќе се обидете да го завршите она што го започнавте на најдобар начин. Здравјето ви е добро.

Вага

Љубовната средба нема да ги исполни вашите очекувања. Не сте во можност да се ангажирате колку што е потребно. Финансиите ќе ви се подобрат за некое време. Здравјето ви е чувствително.

Скорпија

Тежнеете кон хармонија, но ситуацијата не се одвива онака како што очекувавте. Некој ви ја отежнува работата и го искушува вашето трпение. Време е да му се обратите на шефот. Здравјето ви е добро.

Стрелец

Кажете му го на партнерот она што го мислите додека е време. Доколку некој претходно ве одбил за работа, сега очекувајте повик, но со помала заработка. Здравјето ви е добро.

Јарец

Премногу мечтаете, затоа спуштете се на земја и сочувајте го она што го имате. Откажете се од новите деловни комбинации. Здравјето ви е релативно добро.

Водолија

Немате многу време за задоволство. На полето на кариерата немате никакви проблеми. Добивате и повеќе од она што заслужувате. Можни се стомачни тегоби.

Риби

Партнерот се предомислува дали да се врати или дефинитивно да се откаже од врската со вас. Честите патувања можат да ви донесат заработка. Немате проблеми со здравјето.