Овен
Пријатни сте во комуникацијата и многу работи може да ги завршите благодарениe на вистинскиот пристап. Ќе добиете финансиска помош од некоја личност. Ве привлекува личност која лажно ви се претставува и многу ветува.
Бик
Денеска ќе решите да потрошите повеќе пари на шопинг. Постои можност да претерате. Ви претстои убава средба. Заедничките планови за пат во странство не се реални. Здравјето ви е добро.
Близнаци
Се наоѓате на почеток на убав период. Постои можност наскоро да заминете на посакуваниот пат. Не е најдобро на полето на финансиите. Долговите ве притиснаа од сите страни, но ситуацијата преку ноќ ќе се промени.
Рак
Со партнерот често се расправате поради пари. Сметате дека претерувате со трошење додека вие вредно работите и се трудите да заштедите за некое убаво патување. Здравјето засега ви е стабилно. Можна е несоница.
Лав
Во овој момент кога работата е во прашање ќе се трудите да ја одржите стабилноста. Финансиската ситуација е добра иако приходите се помали од очекуваните. Здравјето ви е добро, но можни се повреди.
Девица
Партнерот има добар предлог и би требало да го послушате. Така ќе ги решите финансиските проблеми. Некој гостин кој ќе ви дојде дома ќе се однесува чудно бидејќи му се допаѓате. Бидете на дистанца.
Вага
Ќе се соочите со финансиски проблеми кои што лесно ќе можете да ги решите. Доколку побарате заем или кредит, ќе добиете потврден одговор. Во љубовта чувствувате сомнежи и тоа со причина. Здравјето ви е добро.
Скорпија
Денеска ќе добиете поволни вести кога финансиите се во прашање. Немојте да се опуштате пред време и да трошите повеќе од своите можности. Добивката очекувајте ја до крајот на неделата. На емотивен план можна е авантура.
Стрелец
На сите работи гледате со поголем оптимизам. На полето на финансиите е можен голем напредок. Задолжително играјте лото или некоја друга игра на среќа. Во љубовта е стабилно. Избегнувајте да го лажете партнерот.
Јарец
Ви претстои кратко патување кое е од деловна природа. Опуштете се и искористете го слободното време што е можно подобро. Промената на средината добро ќе ви дојде. Финансиските одлуки препуштете му ги на партнерот.
Водолија
Ви претстои интересен ден полн со предизвици. Нема да ви биде лесно. Доколку имате приватен бизнис, не е време за нови вложувања. Почекајте уште некое време. Финансиската ситуација е солидна, но секогаш може подобро.
Риби
Денеска ќе имате можност себе да си ја исполните желбата и да си уплатите за некое убаво патување. Доколку студирате, очекувајте одличен ден за учење. Не го одложувајте полагањето на испитот дури и ако не сте подготвени.