Каков понеделник Ве очекува според ѕвездите:
Овен
Се чувствувате подобро за себе и тоа ве прави многу посигурни. Конечно почнавте да слушате што му е потребно на вашето тело. Хоризонтите на полето во кариерата ви се прошируваат и наскоро ќе биде потребна акција. Вашите стравови на љубовно поле ви се неосновани. Дозволете му на партнерот да има барем мало влијание врз вас.
Бик
Не ја судете книгата според корицата и не избрзувајте со заклучоци за некои луѓе од вашата околина. Избегнувајте ги конфликтите на работното место и концентрирајте се на вашите работни задолженија. Љубовта ви создава главоболки, но наскоро работите ќе дојдат на своето место.
Близнаци
Добри вести ќе ви ја разведрат атмосферата. Искористете го мирот и посветете се малку на поздрава исхрана. Мислите ќе ви бидат окупирани со нови професионални планови, а тоа ќе ве наполни со оптимизам. Размислете пред да реагирате, не ги гасете љубовните искри со дрското однесување.
Рак
Ќе доживеете нови задоволства и убавата атмосфера ќе ве мотивира да направите подобрувања во вашиот живот. На работното место конечно ќе постигнете договор со некој од претпоставените. Потребата за страст ќе направи да отидете предалеку со некоја личност, која не ви ветува светла иднина.
Лав
Ќе преземете иницијативи и ќе се чувствувате слободно да делувате онака како што сакате. Перфекционизмот ве прави безмилосни на работното место. Ќе ги надминете сите очекувања. Мора да откриете што влијае негативно на вашата врска и да го истуркате од животот.
Девица
Проблемите од акумулираниот стрес и несигурноста во вас ќе станат минато. Конечно ќе пронајдете издувен вентил. Правете ги повеќе работите што ги сакате и инстантно ќе ви се промени перцепцијата за животот. Во љубовта лутате и добро би било извесно време да минете сами.
Вага
Свесни сте за грешките од минатото и сакате да му се доверите некому. Идеите на работа ќе станат реалност само ако побарате помош од колегите. Внимателно ќе ги гледате основите на вашиот љубовен живот. Пред да донесете одлука, разговарајте отворено со партнерот.
Скорпија
Ќе најдете позитивни начини да влијаете на луѓето. Разговорите со нив ќе ги придвижат работите. Мирот на работното место ќе направи да се вљубите во вашата работа одново. Ќе сфатите дека имате многу заеднички вредности со партнерот. Еден разговор ќе ви ги отвори очите.
Стрелец
Концентрирајте се на целта, одвојте време за некое хоби и изолирајте се од работите кои не ве прават среќни. Избегнете го инцидентот на работното место, така што ќе се повлечете во својата канцеларија. Филмски маратон со чаша вино со партнерот ќе ги поправи работите.
Јарец
Не губете време на бесцелни дискусии и фокусот префрлете го на значајните аспекти. Шегите на колегите не сфаќајте ги пресериозно и не активирајте го веднаш одбранбениот механизам. Способноста да се адаптирате на околностите го воодушевува партнерот. Ќе му бидете одличен пример.
Водолија
Некој ќе ве охрабри да присвоите нови и подлабоки вредности. Мирна и тивка вечер во интимен круг на пријателите ќе ви биде одлична за релаксација. Ќе имате разбирање за потребите на другите на работното место. Отсутни сте со умот кога минувате време со партнерот.
Риби
Премногу сте насочени кон целите и не уживате во сегашноста. Умот ви работи интензивно и ќе пронајдете решение на некој тежок проблем на работното место. Сепак, мора да пронајдете време за пријателите и за забава со нив. Партнерот ќе биде покрај вас, дури и кога ќе се обидувате да го истуркате од сликата.