Дневен хороскоп (20.01.2014)

Овен

Партнерот не покажува емоции, но тоа не значи дека не сте му важни. Не е лошо да го искористите налетот на креативноста кога станува збор за работата. Здравјето ви е добро.

Бик

Партнерот тежнее кон хармонијата, а вие имате сосема поинаков впечаток. Вашите идеи нема да ги прифатат некои од вашите соработници. Здравјето ви е добро.

Близнаци

Имате поголема потреба за дружење и слобода. Иако финансиската ситуација не е добра, нема да се грижите за тоа. Здравјето ви е влошено.

Рак

Партнерот ви изгледа отсутно бидејќи е оптоварен со деловните проблеми. Можна е лоша комуникација со колегите. Здравјето ви е добро.

Лав

Потребата да ја пронајдете сродната душа ви е главен приоритет. Ќе се подобрите во секоја смисла за зборот, што ќе се одрази и на вашиот квалитет во работата. Немате големи проблеми со работата.

Девица

Партнерот мисли дека премногу слободно се однесувате. Не се откажувајте од она што го започнавте. Бидете трпеливи уште некое време. Мора да ги промените лошите навики.

Вага

Доколку сте слободни, можна е нова врска која ќе биде подобра од претходните. На работа ве чекаат нови обврски, затоа немојте да ги одложувате. Здравствените проблеми се минливи.

Скорпија

Личноста која ви е важна ве одбегнува со најразлични изговори. Новонастаните промени воопшто не ви одговараат. Здравјето ви е добро.

Стрелец

Нема да бидете расположени за партнерот и сериозни разговори со него. Ги менувате плановите во последен момент. Одлично се чувствувате.

Јарец

Премногу сте резервирани, што ги одбива оние кои сакаат да имаат нешто сериозно со вас. Време е да ризикувате, бидејќи така може да заработите повеќе. Можни се хронични тегоби.

Водолија

Исходот од врската зависи од вас. Желбите на партнерот ви се повеќе од јасни. Атмосферата не е пријатна за работа, но тоа не треба да ве загрижува. Немате посебни проблеми со здавјето.

Риби

Нежноста на партнерот ќе ви го поправи расположението. Постои можност целосно неочекувано од некоја личност да добиете пари. Се’ е во ред со вашето здравје.