ОВЕН
Работa: Поволен ден за решавање на административни и формални прашања. Можете да очекувате среќни околности.
Љубов: Можеби ви пречи тоа што не проведувате доволно време со партнерот.
Здравје: Водете сметка за своите нозе.
БИК
Работа: Може да очекувате стабилност и шанса постепено да напредувате. Финансиската ситуација е одлично прикажана.
Љубов: Тешко ги покажувате чувствата поради разочарувањата кои сте ги имале во минатото. Време е тоа да го решите.
Здравје: Водете сметка околу бубрезите.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Доколку успеете да склопите некој договор денеска, на долги стази ќе бидете задоволни.
Љубов: Партнерот има очекувања од вашата врска и на некој начин се труди тоа да ви го стави до знаење.
Здравје: Чувајте се од алергии.
РАК
Работа: Во работното опкружување може да очекувате некои нагли конфикти и проблеми. Состојбата не е онаква каква што сте очекувале.
Љубов: Дојде време да ја дознаете вистината за вашиот партнер.
Здравје: Пад на имунитетот.
ЛАВ
Работа: Доколку постапите импулсивно, можно е да се покаете. Внимавајте на своето однесување на работното поле.
Љубов: Ви се допаѓа личност која нема емоции кон вас. Наскоро ќе влезете во љубовна врска.
Здравје: Проблеми со срцето.
ДЕВИЦА
Работа: Потрудете се да најдете начин да ја промените перспективата и своето мислење околу работните проблеми.
Љубов: Доколку сте во брак, ве очекува малку тежок ден. Можно е атмосферата да биде прилично напната.
Здравје: Избегнувајте мрсна храна.
ВАГА
Работа: Доколку сте планирале патување или соработка со странство, може да очекувате дека денешниот ден ќе ви биде поволен за тоа.
Љубов: Можно е да доаѓа прекин на врската во која сте моментално. Не сте подготвени за компромиси.
Здравје: Избегнувајте цигари.
ШКОРПИЈА
Работа: Ве очекува шанса за подобра заработка. Можно е помош да ви дојде преку некоја женска особа.
Љубов: Имате потреба за нови случувања во емотивното поле, но се уште ги нема.
Здравје: Размислувате за диета и слабеење.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Можно е да ви е потребно малку да се дистанцирате од работните обврски и да се одморите.
Љубов: Ги преиспитувате случувањата од минатото и пробувате да дојдете до одговор на прашање дали сте со висстинската особа.
Здравје: Проблеми со видот.
ЈАРЕЦ
Работа: Вие сте многу одлучни и лесно ги спроведувате во дело идеите кои ги имате. Може да очекувате среќни околности денеска.
Љубов: Ви се допаѓа личност која делува оригинално и слободно.
Здравје: Проблеми со нервоза.
ВОДОЛИЈА
Работа: Задоволни сте со ситуацијата на работното поле. Може да очекувате дека многу работи ќе ви одат во прилог.
Љубов: Уживате во авантурите и во флертот со некоја особа во воздушен знак.
Здравје: Нервниот систем ви е чувствителен.
РИБИ
Работа: Може да очекувате дека денешниот ден ќе ви биде прилично мирен кога е во прашање работата. Се оди според текот.
Љубов: Уживате во својата слобода која ви недостасуваше многу долго.
Здравје: Проблеми со кичмата, посетете физиотерапевт.