Дневен хороскоп (21.03.2014)

Овен

Промените на односот кон партнерот ќе ја зајакне врската. Денеска ќе почувствувате голем налет на волја за работа и напредување. Здравјето ви е добро.

Бик

Незадоволството во љубовта ќе биде минливо. Појасно ќе ги гледате работите и ќе имате поголема поддршка на надредените. Здравјето ви е добро.

Близнаци

Доколку не сте во врска денеска ќе имате одличен ден за излегување. Следете ги своите чувства. Доколку не сте сигурни дали нешто треба да направите, немојте ни да почнувате да ги правите. Здравјето ви е добро.

Рак

На емотивен план е стабилно иако често имате несогласувања. Придржувајте се кон она што си го ветивте на самите себе. Подобро ќе ви биде кон крајот на денот.

Лав

Во љубовта ве следат многу возбудувања на кои не сте навикнале. Дури сега чувствувате дека сте во полна сила. Одлично ќе се чувствувате.

Девица

Емотивно се врзавте за партнерот. Премногу се оптоваривте мислејќи дека се’ можете да завршите сами, но тоа не е добро. Здравјето ви е добро.

Вага

Во следниот период често ќе бидете во друштво на многу успешни луѓе. Постои можност да заминете на кратко деловно патување. Можни се алергии.

Скорпија

Не зборувајте со пријателите за деталите. Важно е на вистински начин да се прилагодите на новите настани. Здравјето ви е променливо.

Стрелец

Партнерот постојано нешто одложува бидејќи не знае што сака. Имате самодоверба и верувајте во добар исход. Немате проблеми со здравјето.

Јарец

Партнерот го зборува она што не го мисли. Немојте да бидете строги. Поради работата сте прилично вознемирени. Можна е силна главоболка поради напнатост.

Водолија

Не сте подготвени за една личност да се врзете на подолг период. Денеска е возбудлив ден и треба да се завртите кон пријателите. Здравјето ви е добро.

Риби

Сомнителноста во врската често пати е нереална. Ве очекува активен ден, но не толку успешен како што очекувавте. Добро ќе се чувствувате.