ОВЕН
Конечно дошло до олеснување и раст на ентузијазмот. Ви се враќа животната енергија, па ќе бидете поотворени. Ако сте сами, можно е сосема неочекувано да влезете во врска со вам позната личност. Имате сосема доволно енергија.
БИК
Вие сте подготвени да превземете иницијатива и да истакнете и да се изборите за своето место под Сонцето. Имате повеќе можности за забава, а на вечерашниот собир ќе блескате и ќе се истакнете привлекувајќи внимание од спротивниот пол. Проблем со стомакот.
БЛИЗНАЦИ
Ве придвижуваат нови идеи во кои гледате шанса за промена на подобро. Ако сте и натаму слободни, љубов тропа на вашата врата после еден стрес и многу брзо може да го смените својот емотивен статус. Проблеми со синусите.
РАК
Ќе ве следи среќа додека ставот кој го завземате е оптимистички и додека тежите да ги проширите сопствените хоризонти. Ако сте слободни, ќе размислувате за минатото или ќе ви јави личноса со која некогаш сте се забавувале. Водете сметка околу штитната жлезда.
ЛАВ
Изненадувања и понатаму доаѓаат ненајавено. Впрочем како и последните неколку месеци кога сте доживеале работи за кои не сте можеле ниту да сонувате. Лавовите кои се во „тенка“ врска, во текот на овој месец може да ја поправат ситуацијата. Хроничен умор.
ДЕВИЦА
Моментално имате поддршка од страна на работодавците, но сепак најмногу се потпирате на себе. Доколку сте зафатени, помеѓу вас и саканата личност се засилени страстите, а многу припадници на вашиот знак кои планирале патување, сега можат да го реализираат. Несоница.
ВАГА
Колку е потребен оптимизам, толку е потребна и мерка за се, затоа што од друга страна ќе се санкционира претерувањето. Препорака е своите потреби да ги ставите на второ место и максимално да се посветите на партнерот. Проблеми со мускулите.
ШКОРПИЈА
Финансиската ситуација се поправа, но трошоците не се намалуваат. Внимателно користете ги ресурсите со кои располагате. Сега е важно да го препознаете моментот и да му попуштите на емотивниот партнер. Одлично се чувствувате.
СТРЕЛЕЦ
Ситуацијата наложува да се повлечете и да направите дистанца во односот со надворешниот свет. Бидете внимателни на сите полиња, особено на домот, затоа што тука се можни караници и недоразбирања. Проблеми со мигрена.
ЈАРЕЦ
Се соочувате со нетрпеливи личности кои реагираат бурно. Ако сте слободни за вас се заинтересирани две личности кои не познаваат компромис. Но, вие ќе се двоумите. Чувајте го здравјето.
ВОДОЛИЈА
Сетете се сега дека сте слаби, па не сте во ситуација да излезете на крај со околностите кои се пред вас, па најдете инспирација во разговор со образовни луѓе. Можна е тајна врска. Потребно ви е опуштање.
РИБИ
Мора да научите да попуштате, затоа што нема да биде важно кој е во право, туку она што е вашата цел. Доколку сте слободни, ќе се заинтересирате за личност која е амбициозна, со млад дух или е помлада од вас. Добро здравје.