Овен (21.03 – 20.04)
Во центар на вниманието сте и тоа е така поради нешто што порано сте го изјавиле. Планирате некаква промена на работа и имате потреба за работно место на кое би дошле до полн израз. Во љубовта сте прилично таинствени, се обидувате да го заинтригирате партнерот. Ве оптеретува системот за варење.
Бик (21.04 – 21.05)
Ќе решите некоја голема дилема и многу ќе ви биде појасна вашата положба, како на работа така и во приватниот живот. Што се однесува на работата, со тактизирањето и мудроста ќе постигнете повеќе отколку со дрскоста и импулсивноста. Можна е романса. Здравствената ситуација е одлична.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ова е вашето време. Можете да извлечете максимум од ситуацијата во која сте се нашле поради ваша вина, особено ако бидете попустливи и љубезни. Лицето кое ви е драго, пријатно ќе биде изненадено од вашите ставови. Ви претстои заеднички пократок пат со партнерот. Ќе имате проблеми со уринарниот тракт.
Рак (22.06 – 22.07)
Прилично сте непријатни кон околината и своите најблиски. Решивте сосема поинаку да се поставите кон некои проблеми кои одамна ве притискаат и не ви даваат мир. Не би требало да се впуштате во тајна љубовна врска. Не водите доволно сметка за вашето здравје.
Лав (23.07 – 22.08)
Вашиот приватен живот ја интригира околината и многумина ќе се обидат да се мешаат во вашиот однос со партнерот, што на вас дополнително ќе ви ја влоши состојбата. Со еден Бик можете да дојдете до кавга поради ветувањето кое ви го дал, а не го исполнил. Вртоглавици и несвестици.
Девица (23.08 – 22.09)
Ви се отвораат целосно нови можности за работата за која никогаш не сте мечтаеле или за работата со долгогодишните колеги, можно е и да се членови на семејството. Еден Стрелец се обидува да го обнови нежното пријателство со вас. Лоша крвна слика.
Вага (23.09 – 22.10)
Верувате во можноста за средба со некој кој ви ветил заедничка соработка, дури иако се работи за лице во кое немате многу доверба. Би можеле многу повеќе да заработите кога би покажале поголема иницијатива во работата со Риби, Рак или Јарец. Вашата тврдоглавост ви донесува помали проблеми во комуникацијата со Рак и Шкорпија.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Денот ви донесува некои нови можности на професионален план и ако се поставите пријателски кон еден Рак, Јарец или Водолија можете да очекувате нови деловни понуди, зголемување на приходите или некаков друг вид на унапредување. Можете да добиете неочекуван повик од странство. Се плашите дека би можеле да имате проблеми со финансиите.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Многу сте инвентивни и полни со нови идеи. Ќе го препознаете вистинскиот момент да започнете со некои нови деловни аранжмани. Се трудите да ја зацврстите вашата положба на работа бидејќи ви е овозможена ретко добра прилика да покажете се што знаете. Љубомората на вашиот партнер е она што ве мачи. Здравјето ви е стабилно.
Јарец (22.12 – 20.01)
Бидете внимателни во врска со склучувањето на нови договори, особено ако некој и понуди партнерски однос. Ќе ви дојде во посета лице кое ќе ве заинтригира со предлозите. Ќе бидете повикани на семејна свеченост или на некоја друга прослава каде ќе бидат присутни многу млади лица. Склони сте на повреди.
Водолија (21.01 – 19.02)
Со нешто сте незадоволни и колку и да се обидувате да го сокриете тоа, околината забележува дека со вас се случува нешто. Можно е да сте на некого љубоморни или пак вашиот љубовен живот е незадоволувачки и тука е сржта на сите ваши проблеми. Можеби ќе слушнете нешто за себе што не е вистина. Придржувајте се до советот од лекарот.
Риби (20.02 – 20.03)
Се наоѓате во многу активен интелектуален период. Имате шанси да пронајдете работа и да заработите многу добро. Имате повеќе идеи отколку време, па би било добро малку подобро да се организирате. Еден Овен или Јарец се обидуваат на оригинален начин да го привлечат вашето внимание. Можна е појава на алергија.