Овен
Возбудени сте за новите работни промени што се пред вас, па не плашете се да ги прекршите навиките и да ја зграбите шансата. Со малку поддршка ќе успеете да ги направите и најтешките чекори. Вашиот темперамент и детска ведрина ќе ги привлекуваат припадниците на спротивниот пол како магнет. Ако спортувате не заборавајте прво добро да се загреете, особено наутро.
Бик
Не обидувајте се сите неволји во светот да ги носите на своите раменици. Нивото на енергија ви се подобрува, но сепак штедете се на работното место. Некое неочекувано патување може да биде решавачки фактор за вашата финансиска состојба. Вашиот студен однос кон партнерот може да направи да започне да мисли дека губите интерес за него. Посветете му внимание!
Близнаци
Ќе имате совршено смирен ден, па искористете го максимумот и покажете резултати на работното место. Самодовербата ќе ви помогне да стигнете до посакуваната дестинација. Постојано ќе ви бидат на ум луѓето што ги сакате, па сите активности ќе ви бидат посветени на нив. Сега е вистинското време да им покажете колку ги сакате.
Рак
Прекинете ги старите навики кои ви ја одземаат енергијата и направете си свој работен ред. Бидете внимателни со професионалната комуникација затоа што може да бидете сфатени погрешно. На поле љубов точно знаете што сакате, па нема да правите компромиси сè додека не го добиете тоа. Тоа е победнички став, продолжете така!
Лав
Дозволете ѝ на интуицијата да ве води на работното место. Иако, сте малку уморни од темпото, сепак фокусирајте се на тоа што е најважно. Некое минато искуство ќе ви помогне во надминување на проблемите. На поле љубов задржете го отворениот пристап кон партнерот. Ќе ја видите љубовта во својата најубава форма како никогаш претходно.
Девица
Вашата мила ѕвезда ќе ви донесе среќа на работното место. Неочекувано некој човек ќе ви врати услуга и ќе имате многу поучна дискусија со него. Ќе ги гледате работите појасно, но сè уште не носете одлуки. На поле љубов конечно ќе ја откриете вистината за некои свои двоумења. Разговарајте за работите и резултатот ќе биде одличен за вас.
Вага
Може да направите некоја погрешна проценка на работното место, па за да го спречите тоа не срамете се да прашате некои работи и по два пати. Зборовите се поостри од меч, па не брзајте со заклучоците. На поле љубов ќе избегнете многу непотребни компликации ако му дадете малку слобода на партнерот. Одвојте време и за себе!
Шкорпија
На работното место нешто ве мами да преземате ризици. Чувствувате дека шансите мора да бидат искористени, а финансиската добивка е зад аголот. Луѓето ќе се чувствуваат доволно опуштени за да ви се доверуваат. Во љубовта сè оди по нагорна линија само внимавајте со обвинувањата. Понекогаш токму барањето на проблемот во себе е решението.
Стрелец
За да постигнете успех на работното место мора да се насочите кон иднината. Заборавете на грешките од минатото и ќе бидете во одлична форма за нови успеси. На љубовно поле не сакате просечност, туку бура од емоции. За да го постигнете тоа убедете го партнерот да заминете на некое кратко патување.
Јарец
Ако ги следите своите емоции и интуиција, ќе се движите во вистинската насока на работното место. Долгорочните визии ќе ви станат појасни и ќе знаете точно со кој тим да тргнете во новите предизвици. Љубовните разговори денес ќе ги правите со леснотија. Дури и за најделикатните прашања вие ќе успеете да внесете хармонија во врската.
Водолија
На работното место ќе имате желба да ги тестирате сите што се околу вас. Контролирајте ја оваа потреба и концентрирајте се на работите кои ви се вам најважни. Бидете насочени кон поголема финансиска добивка. На поле љубов ќе имате огромна поддршка од партнерот. Тоа ќе ви даде сила за да преминете на следната фаза.
Риби
Преоптоварени сте со различни проекти на работното место. И иако ви изгледа тешко, мора да поставите приоритети. Стресот ќе ви направи проблеми ако не го сторите тоа. На поле љубов ќе имате нескротлива потреба да се покажете во најдобро светло пред партнерот. Продолжете така, на тој начин ќе ја подобрите врската.