Овен
Денес ќе ви биде лесно да воспоставите интимен однос со партнерот. Време е да ја зајакнете врската и да влезете во нова и помирна фаза. Послужете се со хумор за да го постигнете тоа. На работното место социјалната положба ќе ви биде многу подобрена и со помош на колегите ќе успеете да ги завршите задачите комплетно.
Бик
Еуфорични сте за новите опции пред вас. Соберете храброст и прекинете ја рутината без да се чувствувате виновни. Намалете со шеќерот и конечно посветете време на вашата линија. На работа ќе бидете динамични и ќе им ја посочувате вистинската страна на работите на колегите. Со партнерот ќе бидете сосема природни и со тој пристап ќе му ги разбудите старите емоции.
Близнаци
Нема да ви биде проблем да се посветите на вашите мисли. За тоа што ве мачи прво средете ја ситуацијата во главата, а потоа зборувајте и со најблиските. На работа мора да настапите самоуверено ако сакате да ве сфатат сериозно. Среќата ви е наклонета на поле љубов и ќе блескате од енергија во миговите со партнерот.
Рак
Можно е зближување со одредени личности во вашиот живот. Игнорирајте го првиот впечаток, ќе се изненадите што се крие под површината. Денес на работното место мора да се справите со одредена ситуација, која не смеете повеќе да ја игнорирате. Ако треба останете прекувремено, но завршете го тоа. Ако сте сингл – љубовта доаѓа на вашиот праг, ако сте во врска – работите ќе тргнат по нагорна линија.
Лав
Ќе успеете да ја вратите својата креативност. Излезете од школката и искористете го максимумот што ви го нуди денешниот ден. На работа балансирајте ги активностите и послушајте го советот од некој близок колега. Со партнерот ќе сонувате со отворени очи и ќе донесете одлука да надминете некои работи, кои никако не можете да ги решите.
Девица
Бидете свесни дека околу вас се прават некои сомнителни договори и шеми. Не дозволувајте ова да ве завлече. Тргнете се на страна и дадете си простор за размислување. Критиките на поле кариера ќе ве мотивираат за да покажете што всушност можете. Ако сакате помош од партнерот, побарајте на фин и дипломатски начин.
Вага
Вашите двоумења ќе исчезнат и ќе блескате со ведрина. На вашиот став ќе ви завидуваат многумина денес. На работното место ќе делувате импулсивно, но на забавен начин, па ќе добиете огромна поддршка. Денес е совршен ден да зборувате за плановите со партнерот и да ја вратите искрата во вашата врска.
Скорпија
Ќе успеете да ги видите задните намери на некои ваши колеги. Пронајдете смирен начин на кој ќе се соочите со нив за да избегнете дополнителни неволји. Најдобар начин за релаксација по оваа чувствителна ситуација е да излезете на свеж воздух. Поканете го партнерот на некој интересно аранжиран состанок и вратете ја страста во вашиот однос.
Стрелец
Ќе блескате на работното место и несебично ќе им понудите помош на сите на кои им е потребно. За возврат ќе добиете огромна благодарност и пријатели на кои ќе можете во иднина да се потпрете. На поле љубов ќе бидете малку посесивни, но мора да сфатите дека љубомората само ви штети на врската и со неа го гушите партнерот.
Јарец
Треба да се грижите за своето ментално здравје и да не верувате премногу во одредени луѓе. Големите очекувања од нив може да ве разочараат, па затоа бидете реални. На работа ќе мора да направите некои неопходни компромиси ако сакате да си го сочувате мирот. Денес ќе имате чувство на еуфорија и нема да се задоволите со просечен ден со партнерот. Направете нешто ново и авантуристичко.
Ќе ви биде потребна утеха од блиските луѓе поради некоја сериозна ситуација на работното место. Но, ако повеќе соработувате со колегите како тим, ќе успеете да ја надминете. Денес денот минете го во задоволства со партнерот. Не ги скротувајте инстинктите затоа што подоцна во животот може да зажалите. Ништо не ви стои на патот да го живеете животот што го сакате.
Водолија

Риби