Дневен хороскоп за 28 мај 2023

Овен

Ситуацијата на полето финансии се стабилизира. Можен е прилив на пари од извор кој не сте го очекувале. Ако донесете некоја важна одлука, денот е поволен за тоа. Сепак, избегнувајте почнување на некој голем проект, затоа што може да ги прецените своите капацитети.
реклама

Бик

Пред вас е дилема дали да прифатите дополнителни задолженија кои ви ветуваат добра заработка но и значајно зголемување на обемот на работа. Ако добро се организирате, може да прифатите и со тоа да обезбедите голема исплатливост на долг рок.
реклама

Близнаци

Иако чувствувате по кој пат треба да оди вашиот професионален развој и натаму се двоумите. Ако ја прифатите секоја понуда во овој момент, дури и на прв поглед ако не е примамлива, долгорочно, ве чека значајно поместување, особено на финансиски план.

Рак

Во центарот на вниманието е приватниот живот па ви се чини дека сите останати проблеми кои се однесуваат на работа, неважни. Тргнете се на време, вашите шефови немаат неограничено трпение. Од друга страна ако се потрудите, ви следува завиден успех.

Лав

Многу сте бавни и заспани. Тоа не мора да ве загрижува затоа што не станува збор за никаква болест, туку за малаксаност која е резултат од динамичното темпо претходниот период, и сега заморот ве стигнува. Најдете време денот да го посветите на себе и своите лични потреби.

Девица

Вистински момент е работите да ги поставите на своето место, особено ако околу себе имате личности со кои имате нерасчистени односи. Вашиот авторитет е на врвот, она што ќе го изговорите денеска, другата страна ќе го сфати на најдобар можен начин.

Вага

Се што правите, се враќате да го поправите. Предизвикувачките аспекти укажуваат дека ве очекуваат стресови, особено ако очекувате брзи резултати од се што ќе нарпавите. Реакцијата на околината на вашиот труд е несоодветна, не очекувајте оцена затоа што ќе биде неповолна.

Шкорпија

Се борите за некоја правда која само вие ја гледате. Вашата искреност не наидува на одобрување па корисно е своето мислење да го сочувате за себе. Непријатни изненадувања се можни дури и од најблиските лица, особено на љубовното поле.

Стрелец

Доколку работите на финансии или на некој друг начин учествувате во трансакциите во кои се вртат големи суми на пари, овој ден може да биде фрустрирачки за вас. Бидете внимателни и концентрирани, по два пати проверете ја секоја сметка или пребројување.

Јарец

Ја зголемувате непотребно својата улога во се. Свесни сте за своите квалитети, па моменталниот занос ве наведува да поверувате дека сте безгрешни. Освен тоа, нагласено сте романтични, па ова е ден во кој можеби партнерот најмногу ќе ужива.

Водолија

Сите очи се вперени кон вас. Опкружени сте со луѓе чија судбина на некој начин зависи од потези кои треба да ги повлечете. Непријатно е тоа што сте свесни дека некои луѓе не може да ги поштедите, иако тоа го заслужуваат. Немојте да ги мешате емоциите во работата.

Риба

Морате да се вратите во реалност. Иако сте тимски играч, некогаш морате да делувате сами за себе, без поддршка од луѓето за кои верувате дека ви се пријатели. Тоа не значи дека немате на кого да се потпрете, туку дека е неопходно да се осамостоите.