Дневен хороскоп за четврток, 14-ти април 2022-ра

 

ОВЕН
Ви годи близината на личност којашто ве инспириран на посебен начин. Вистинско време е да преземете конкретни чекори и незадолжителното познанство да го претворите во нешто подлабоко. Доколку своите идеи ги преточите во дела, можеби тоа ќе значи и почеток на една убава љубовна врска.

БИК
Доаѓаат неповолни деловни вести од пријател или од долгогодишен соработник кој се наоѓа далеку во странство. До крајот на денот ќе сфатите дека не е сѐ толку црно, како што ви се чинеше на почетокот. Во љубовта очекувајте пријатно изненадување.

БЛИЗНАЦИ
Внимателно испланирајте го денот и ќе имате можност да изградите нова деловна стратегија којашто долгорочно ќе ви донесе резултати на коишто ќе бидете многу горди. Насочете се на работата, а љубовта и семејните односи оставете ги настрана.

РАК
Доколку се најдете во прилика нешто големо да купувата или да потпишувате некои многу важни хартии од вредност, бидете претпазливи бидејќи не е поволен момент за тоа. Може да ви се поткрадне грешка којашто подоцна нема да имаше можност да ја исправиет.

ЛАВ
Додека се преокупирате со неважни работи, ви поминуваат крупни работи. Фокусирани сте на плетканици во работното опкружување, па никако не ја согледувате целата слика. Ова што ви се случува денеска е неважно во однос на она што ви претстои. Чувајте ги силите за следните денови.

ДЕВИЦА
Иако многу добро знаете што сакате, а покрај тоа имате и разработени планови, не е поволен момент за големи потфати. Одложете ги сите видови вложувања, како и деловните одлуки, склони сте на правење грешки. Зајакнетете го имунитетот, бидејќи ви се заканува вирусна инфекција.

ВАГА
Обврските трпат бидејќи не сте концентрирани. Со мислите сте далеки зашто однапред планирате активнисти чијашто реализација сѐ уште е далеку. За да сторите нешто конкретно, морате темелно да го подготвите теренот, а тоа не се потигнува само со мечтаење.

ШКОРПИЈА
Доколку се најдете во можност да потпишете некои документи, бидете претпазливи бидејќи може да ви се поткрадне грешка која подоцна нема да можете да ја поправите. Вашето променливо расположение може да го збуни партнерот и да го наведе да помисли дека повеќе не го сакате.

СТРЕЛЕЦ
Се трудите да се претставите себеси како посериозни и позрели отколку што навистина сте. Не потенцирајте ги туѓите ставови, бидејќи не потекнуваат од вас па нема да умеете да ги објасните. Држете се до сопственото мислење, зашто него можете секогаш да го браните, дури и кога не сте во право.

ЈАРЕЦ
Ве очекува важен урок во кој мора да го надвладеете својот песимизам, кој е една од вашите особини којашто често работи против вас. Верувајте во својата интелектуална моќ, но исто така мора да бидете свесни дека е нереално секогаш вие да бидете во право.

ВОДОЛИЈА
Време е да се реорганизирате. Чистењето, како во својот дом, така и на работното мести, ќе ви создадат амбиент за реализација на многу деловни проекти. Но, доколку на момент се исклучите од сите професионални активнсоти, ќе сфатите дека центарот на светот не сте вие.

РИБИ
Поволен ден на своите домашни да им го изнесете сето што ви стои на срцето. Имате можност да поведете конструктивен разговор од кој ќе дознаете поединости за коишто ниту сте стонувале. Станува збор за нешта кои биле толку очигледни, но вие досега не сте ги сфаќале.