Дневен хороскоп за четврток 5 септември 2019.

ОВЕН

Работа: Ве очекува период во кој ќе имате некои ризични ситуации и кочници, па можни се работни проблеми.

Љубов: Наскоро ќе влезете во врска која може да опстане на долги патеки во иднина, и да води во сериозни одлуки.

Здравје: Пролазна кашлица.

БИК

Работа: Немојте да дозволите да бидете брзи и да носите брзи одлуки.

Љубов: Ќе ви годи вниманието од саканата личност. Може да очекувате генерално поволен ден.

Здравје: Наклонети сте кон воспаленија.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Ве очекуваат важни случувања на ова поле. Нови одлуки се пред вас, бидете подготвени за нив.

Љубов: Можно е да водите некои битки сами со себе и да не знаете што сакате кога се во прашање емоциите.

Здравје: Вкочанетост во вратот.

РАК

Работа: Можни се нови пресврти и промени кои на некој начин ќе ја раздрмаат вашата стабилност.

Љубов: Ве очекува шанса да запознаете личност која во вас од самиот почеток ќе разбуди силни чувства.

Здравје: Добро се чувствувате и здравјето ви е стабилно.

ЛАВ

Работа: Ако сте сакале ново работно место, сега полека ви се отвора шанса да ја добиете.

Љубов: Партнерот полека го покажува своето вистинско лице. Се почесто се карате и не ви се допаѓа фазата во која се наоѓа вашиот однос.

Здравје: Проблеми со притисокот.

ДЕВИЦА

Работа: Максимално сте посветени на работата и задоволни сте од резултатите кои ги остварувате на ова поле.

Љубов: Со саканата личност имате доста нови случувања, промени и авантури кои ви го подигнуваат нивото на возбуда.

Здравје: Главоболка.

ВАГА

Работа: Имате многу работни обврски и подготвени сте да се посветите на своите приоритети за да напредувате.

Љубов: Можно е да сте имале некои несогласувања во односот со партнерот и сега е време да ги средите.

Здравје: Пад на имунитетот е нагласен.

ШКОРПИЈА

Работа: Соработка со странство наскоро ве очекува. На работното поле, ќе имате некои промени.

Љубов: Пред вас се интересни случувања со вашата симпатија. Може да очекувате прилика за почеток на врска.

Здравје: Сосема добро.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Сметате дека постојат проблеми кои на некој начин сте ги турнале под тепих и ќе направите се што можете за да ги решите.

Љубов: Можно е во односот со саканата личност да доаѓа до пречки и вие имате недостаток на трпение.

Здравје: Без големи проблеми.

ЈАРЕЦ

Работа: Можно е да го направите она што е до вас за да успеете да ги остварите работните промени кои ви се неопходни.

Љубов: Покажете му на партнерот колку ви значи. И понатаму постои можност вашата врска да опстане.

Здравје: Ви сметаат цигарите.

ВОДОЛИЈА

Работа: Имате поволен ден во кој генерално ќе бидете задоволни од работната ситуација. Нема промени.

Љубов: Можно е да сте подготвени да повлечете некои ризични потези за да ја освоите својата симпатија.

Здравје: Чувствителна кожа.

РИБИ

Работа: Одлучно се поставувате во контакт со личност со која ве очекува важна соработка.

Љубов: Нема знаци за големи промени во односот со љубовниот партнер. Вашата врска останува каква што била досега.

Здравје: Пролазна главоболка.