Дневен хороскоп за недела, 17-ти април 2022-ра

ОВЕН
Ви недостасува упорност. Кога ќе наидете на првиот отпор, работите ги прогласувате за неважни за да ја прикриете сопствената ранливост. Пред тоа да го сторите повторно, преиспитајте се што ви е поважно, сопствената гордост и суета или крајниот цел од кој се откажавте.

БИК
Денот е одбележан со тензични транзио кои навестуваат стресни ситуации од коишто нема лесно да излегувате. Сведете ја својата нестрпливост на минумум за да избегнете поголеми неволји, особено кога станува збор за партнерските односи и љубовта.

БЛИЗНАЦИ
Расположението расте. Свесни сте дека можете да сметате на голема поддршка од пријателите, бидејќи во изминатиот период со своето залагање и пожртвуваност тоа го заслуживте кај нив. Ве очекуваат пријатни моменти и малку изненадување коешто ви го подготвува партнерот.

РАК
Пресметувате што направивте изминатиот период, резултатите ве прават горди. Уште сето тоа да им го претставите на членовите на семејството, па среќата ќе биде комплетна. Не барајте дополнителна поддршка, бидејќи тоа ќе ви го расипе драгоценото чувство на задоволство.

ЛАВ
Настан на денот може да биде конструктивна дискусија во којашто ве вовлекуваат соработниците за кои не знаевте дека се на вашата страна. Паралелно со тоа доаѓа поддршка и од саканата личност, па им нема крај на вашиот оптимизам и доброто расположение.

ДЕВИЦА
Падот на енергијата и променливост на расположението. Тоа е она што ве измачува денеска. Непријатната атмосфера ја сфаќате премногу лично, имате впечаток дека сите се свртеле против вас. Обидете се да ги согледата работите на реален начин, можеби вашите очекувања се преценети.

ВАГА
Се потпирате на ветувањата коишто ви ги дале пријателите. Чекањето да се исполнат може да ве доведе во позиција да се правдате пред другите, иако застојот не се случува поради вас. За да го избегнете тоа, своите обврски завршувајте ги лично и самите.

ШКОРПИЈА
Лажното чувство на среќа и задоволство може да ве наведе денеска да потрошите повеќе отколку што можете да заработите. Не потопувајте го својот ненадеен оптимизам во неконтролираното трошење. Минете повеќе време во неформално дружење со пријателите.

СТРЕЛЕЦ
Денеска имате променливо расположение и наклонети сте на нервоза, особено во односот со домашните. Внимавајте какви обврски преземате, бидејќи не сте во ситуација да ги испочитувате сите договори. Не играјте на сѐ или ништо, во клучниот момент ќе бидете дисквалификувани.

ЈАРЕЦ
Навидум мирниот ден може да се претвори во фијаско, особено доколку се обидете да импровизирате, нешто што не би сте смееле да го правите. Моќта за снаоѓање во новите ситуации е одраз на паметните луѓе, но не е крајот на светот, ниту доколку понекогаш се откажувате.

ВОДОЛИЈА
Самодовербата е во нагорна линија, па поради тоа на соработниците не им е лесно да го држат чекорот со вас. Вашата директност не е пријатна околина, но е полезна за вас. Ослушнете ја вашата интуиција, една наизглед банална идеја може да биде добивка за вас.

РИБИ
Во вашиот љубовен живот се надѕира почеток на една нова фаза. Малку здив од нова енергија ќе биде доволно да се подобрат односите меѓу вас и саканата личност. На слободните им претстои шанса за почеток на романса којашто може да биде долготрајна.