Дневен хороскоп за недела, 3-ти јули 2022-ра

ОВЕН
Се соочувате со понуда од којашто колку и што ја посакувате толку и се плашите. Очекувате интензивна поддршка од членовите на семејството, иако сте свесни дека тоа нема многу да ви помогне. Бидете тоа што сте, опуштете се и изборете ја позицијата со вашиот шарм.

БИК
Се чувствувате празно. Можеби деновиве завршивте важни задачи, па помислевте дека овој ден ќе биде спектакуларно радосен. Задоволството отсуствува поради наглото опаѓање на адреналинот. За да се опоравите, итно смислете нови цели.

БЛИЗНАЦИ
Љубовниот живот е во центарот на вниманието. Партнерот долго време е во сенка, ги поднесува вашите професионални напори и проблемите кои дојдоа со тоа. Време е тоа да го надоместите, особено на крајот од денот кога ќе му треба вашата поддршка.

РАК
За да постигнете некои поголеми цели, ќе мора да жртвувате нешто, а тоа можеби е поврзано со вашиот љубовен живот. Имагинативни сте, разновидни сте и полни со идеи, па големи се шансите да успеете во сите ваши намери, но обидете се да не тргувате со емоции.

ЛАВ
На почетокот нешто не ви беше по волја, а потоа кога работите почнаа да се одвиваат како што сакате, изгубивте интерес. Се соочувате со луѓе кои не го разбираат вашето променливо расположение, не знаат како да ве задоволат. Бидете фер и земете ги предвид потребите на другите луѓе.

ДЕВИЦА
Имагинативни сте, сестрани сте и имате идеи. Доброто расположение може накратко да биде уништено од неочекуван телефонски повик. Вестите што ќе ги слушнете ќе бидат чудни и нема да имате друг избор освен да слушате и да заборавите што е можно поскоро.

ВАГА
Поволен ден за истражување и учење. Сигурно е и дека ќе добиете понуда за зачленување во хуманитарна организација каде целосно би се изразиле, бидејќи вашата комуникација и убедливост се вредни за таа работа.

ШКОРПИЈА
Поради изразените промени на расположението, вие сте почувствителни, што може да ја доведе разнишаната љубовна врска во големо искушение. Во срцето сè уште чувате силни спомени од далечното минато, па сеќавањето на неуспешната голема љубов ја вознемирува вашата нова.

СТРЕЛЕЦ
Денот е обележан со напнати транзити кои навестуваат стресни ситуации од кои нема лесно да се извлечете. Нетрпеливоста сведете ја на минимум за да избегнете поголеми неволји, особено кога се во прашање врските и љубовта.

ЈАРЕЦ
Имате можност да научите како нешто добро излегува од секоја лоша работа. Проблемот со вашата моментална ситуација е отсуството на поддршка на која сметавте. Можеби е вистинскиот момент да размислите што сакате, да ве ласкаат или искрено да ве критикуваат.

ВОДОЛИЈА
Соочени сте со нерамнотежа помеѓу она што рационално го знаете и она што интуитивно го чувствувате. Се двоумите, премногу е луцидно да донесете важна одлука само врз основа на чувствата, без никаков начин да го докажете тоа. Не барајте оправдувања за никого, вашиот суд е непогрешлив.

РИБИ
Не сте сигурни каде одите понатаму, само знаете дека ви треба промена. Немате услови за патување, а токму тоа би ви помогнало во моментов. Не паѓајте во мрачни расположенија, работите се одвиваат баш како што треба, наскоро ќе знаете што да правите.