Oвeн – Потрудете се неделава максимално да го искористите слободното време за одмор и полнење на батериите. Добро расположение и стабилна љубовна атмосфера ќе ве следи вотекот на овој ден, а вие обидете се да не ја расипете.
Биĸ – Во текот на овој ден може си натоварите многу обврски, и тоа поврзани со домот и семејството. Оставете време и за одмор. Иако можеби ќе немате време, сепак, немојте да ја запоставите саканата личност.
Близнaци – Нема да ви штети да направите конкретен план за следниот период, а остатокот од денот посветете се на одморање. За успех на долги патеки во љубовта, ќе ви биде важно да се насочите и да направите селекција на важните приоритети.
Paĸ – Овој ден искористете го за одмор од обврски, и организирајте некое дружење со пријателите. Потрудете се фокусот на вниманието и енергијата да го насочите кон личноста која ви се допаѓа и реално е да очекувате возвратени чувства.
Лaв – Многу добар ден за сите видови физички активности. Ако имате во предвид некоја дружба со пријателите, уште подобро ќе се чувствувате. Одличен ден да се опуштите во друштво со саканата личност.
Дeвицa – Обврските и деталното планирање се ваша секојдневица. Можете денеска да направите нешто во врска со домот. Потрудете се да воведете некои позитивни промени и новини во вашиот однос.
Baгa – Денеска треба да бидете активни и друштвени. Искористете го поволниот ден да се занимавате со сите оние работи во кои уживате. Бидете весели и расположени за излегување.
Cĸopпиja – Некои добри идеи би можеле да ве окупираат, па шанса да размислите за нивно сериозно реализирање. Новата симпатија може да ви го привлекува вниманието. Имате добра прилика да направите еден директен потег.
Cтpeлeц – Уживајте, одморете малку од обврските и наполнете ги батериите со позитивна енергјиа, затоа што ве очекуваат доста обврски идната седмица. Излезете и организирајте некој излет, прошетка во природа.
Japeц – Немојте да форсирате или да бидете иницијатор на нешто, а особено не давајте временски рокови. Наместо тоа дајте си доволно време да размислите и да донесете вистинска одлука. Од ваша страна не е реално да се очекува голем ангажман на полето љубов, но немојте да се изненадите ако ви стигне убава иницијатива од вашата сакана личност.
Boдoлиja – Не брзајте со договорите и одлуките. Чекајте работите да ви „легнат“. Потребен ви е одмор, некое патување, каде што може да се опуштите и да се растоварите од сите обврски и размислувања.
Pиби – Би можеле да се позанимавате со физичка активност, релаксација. Нема да штети ако во тоа ги вклучите и пријателите. Можно е изненадувачко ново позннаство кое ќе ве заинтересира повеќе од што очекувате. Уживајте во пријатната средба.