ОВЕН
Ве очекува поволен период во кој ќе имате можност да извршите многу важни деловни обврски кои се пред вас. Може да очекувате ново познанство од кое ќе бидете задоволни. Пред вас е добар период. Избегнувајте алкохол.
БИК
Може да очекувате почеток на нови работни проекти или склопување нови контакти. Ви се допаѓа некој со кој имате засега пријателски однос, но се гледа дека би можеле да остварите повеќе од тоа. Пад на имунитетот.
БЛИЗНАЦИ
Потребно ви е некое време за да донесете конечна одлука поврзана за вашата работа. Не сте задоволни од врската или бракот и сметате дека ви се потребни промени. Можни се проблеми со несоница.
РАК
Нови случувања на деловно поле кои ќе ве инспирираат. Задоволни сте од околностите. Една нова личност ќе покаже интересирање кон вас. Може да очекувате можност за напредување. Полни сте со енергија!
ЛАВ
Важно е да бидете отворени во комуникацијата со претпоставените. Покажете им дека сте подготвени да остварите остварите нешто повеќе за моменталната позиција. Ве очекува период во кој ќе имате емотивни дилеми. Чувајте се од настинки.
ДЕВИЦА
Може да се надевате на позитивни пресврти поврзани со работа и пари. Пред вас се позитивни околности. Ве очекува интересна комуникација со личност која сте ја запознале сосема спонтано. Проблеми со циркулација.
ВАГА
Не сте доволно сконцентрирани и лесно правите грешки. Потрудете се да не претерате. Ако ве изневерил партнерот на некој начин, големи се шансите дека нема да му простите. Повредена ви е гордоста. Можна е вртоглавица.
ШКОРПИЈА
Можеби размислувате за иднината на работно поле и не се гледате себеси засекогаш во истата професија. Емоциите ви се прилично нагласени, па можни се бурни реакции. Проблеми со тироидната жлезда.
СТРЕЛЕЦ
Пред вас е поволен ден за работа. Може да очекувате дека ќе ги остварите сите свои планови и замисли. Поранешната љубов ќе се обиде да ви се врати во животот, а на вас е дали ќе и дозволите. Добро би ви дошла масажа.
ЈАРЕЦ
Имате многу амбиции во себе и подготвени сте максимално да се посветите на работата за да ги спроведете на дело. Ви се допаѓа личност која покажува дека сака нешто повеќе со вас од минлива врска или аванура. Прилично сте уморни.
ВОДОЛИЈА
Можно е да не успеете да ги остварите сите планови кои ги посакувате. Пред вас е неповолен период. Не сте задоволни од осаменоста и потребни ви се љубовни промени. Ова не е поволен период за емоции. Намалете ја количината на храната која ја внесувате.
РИБИ
Можни се помали недоразбирања со личност со која соработувате. Обидете се сепак да најдете некој компромис. Ви се допаѓа некоја личност која ви делува недостижна и на која нема лесно да и пријдете. Посетете стоматолог.