Дневен хороскоп за недела, 5-ти мај 2024-та

ОВЕН
Бидете внимателни кога ги водите разговорите и не претерувајте обидувајќи се по секоја цена да го наметнете вашето мислење. Бизнисмените да не брзаат да преговараат за инвестиции. За оние кои работат во буџетскиот сектор следната седмица се појавува нова можност за унапредување. Успехот ќе ве придружува доколку сте решиле да одите на службено патување.

БИК
Денот не е погоден за преземање потфати. Стабилизирајте го она што сте го постигнале во изминатата седмица. Водете ги разговорите поврзани со промените на работното место што ќе ги спроведете наредните денови. Сите нови идеи може да се споделат денеска, но добро е да се чека вистинското време за да се одобрат. Брзањето ќе е на ваша штета. Бидите стрпливи.

БЛИЗНАЦИ
Покажете тактичност и бидете коректни кон колегите. Вашата работа ве проекупира, иако сте претерано самоуверени и ризикувате да создадете службени конфликти и да не успеете во задачите без да го очекувате тоа. Не мислете дека сте непогрешливи. Со задачите ќе се справите рано попладнето, а навечер најдете време за најблиските и за одмор.

РАК
Подложени сте на негативни влијанија кои можат да ви ги уништат плановите без да го сфатите тоа. Не ризикувајте и разговарајте со колегите бидејќи не сте подготвени со информации за да бидете убедливи во вашите барања. Размислете кога е најбезболно да ги раскинете деловните партнерства коишто ве блокираат, но не и оние што можат да ви користат во иднина.

ЛАВ
Треба да ги завршите итните задачи кои ги одложувавте до денеска. Направете го тоа спокојно, без нервози и емоции. Не им давајте несакани совети на вашите колеги. Во текот на денот може да остварите успехо доколку не сте мрзливи и бидете активни на работното место. Не плашете се од тешкотиите на вашиот пат, бидејќи можете лесно да се справите и со неочекувано одговорни задачи.

ДЕВИЦА
Доколку се зафатите со вашите рутински должности и ги надминете заостанатите работи, ќе го заслужите восхитот од вашите колеги кои ве замолија да им помогнете и ним. Не преземајте нови задачи ако не сте сигурни во способноста на тимот што ви помага. Не за исклучени измами. Бидете внимателни кога водите лични и деловни разговори за да се поштедите од разочарувања.

ВАГА
Очекувајте приходи кои пријатно ќе ве изненадат. Следете ги законите на земјата, а особено финансиските и внимавајте доколку денеска преговарате за да не доживеете неуспех. Вашата решителност, којашто, за жал, се граничи со тврдоглавост и ианетчивост, нема да ви донесе успех на работното место доколку не ја надминете.

ШКОРПИЈА
Ќе бидете загрижени за неочекувана и, според вас, неразумна компликација на односите со деловните партнери, на чија поддршка полагавте големи надежи и се надевавте на средба. Деловните разговори ќе бидат неуспешни. Одложете ги случајните состаноци по секоја цена за да избегнете погрешни или критички изјави поради брзање и недоволна подготовка.

СТРЕЛЕЦ
Очекувајте понуда за дополнителна работа, но бидете внимателни со трошењето, бидејќи вашите приходи во наредната седмица може неочекувано да задоцнат. Не давајте заеми никому. Во ваша корист е да ги прекинете сите непотребни партнерства. Комуникацијата со деловните партнери е ризична. Одложете ги состаноците и избегнувајте нови познанства.

ЈАРЕЦ
Непријатностите ве прогонуваат од утрото, но причината е во вас. Примамливата понуда не ви дозволува да избрзувате со позитивниот одговор, и покрај вашето големо искушение, бидејќи ќе претрпете неуспех. Вашето однесување, доколку е агресивно и навредливо, ќе има негативен ефект врз луѓето кои може да се оградат од вас. Не е препорачливо да патувате.

ВОДОЛИЈА
Ве очекува ден полн со проблеми и противречности. Отстранете ги од вашиот живот луѓето кои ве угнетуваат и предизвикуваат недостиг од самодоверба, бидејќи на тој начин ја блокираат вашата работа не само денеска, туку и во иднина. Само ако верувате во себеси, ќе можете да го надминете стравот што постојано го подгревате со вашите песимистички мисли и да избегнете можни неуспеси.

РИБИ
Тешкотиите кои не сте ги предвиделе ви пречат на вашите состаноци, од кои зависи вашата понатамошна работа. Одложете ги за да избегнете неуспеси. Не ризикувајте со деловни разговори. Внимавајте да не го одложите решавањето на вашите проблеми премногу предвреме и да не ги изгубите шансите за успех.