Дневен хороскоп за недела, 8-ми мај 2022-ра

ОВЕН
Им се надѕира крајот на вашите проблеми. Малку жар што остана во вас по период кој заврши ќе биде доволно повторно да се придвижите. Искористете го денешниот одмор, темелно подгответе го теренот за периодот кој е пред вас.

БИК
Ве измачуваат финансиите. Не играјте на среќата, потпрете се само на себеси. Успехот ве очекува семо доколку добро се намачите и се откажете од привилегиите во кои досега уживавте. Откажувањета за вас не се проблем, особено доколку верувате во повисоки цели.

БЛИЗНАЦИ
Ви се отвораат убави деловни можности. Претстојат преговори за можна соработка со странство, како и шанса за далечно патување на коешто деловно ќе се усовршувате. Не дозволувајте поради моменталната мрзеливост да пропадне ваква шанса.

РАК
Мечтаењето коешто ве обземало се рефлектира и на љубовен план. Спуштете се на земја, поради нагласената променливост на расположението засилено сте чувствителни со што може да ги закомпликирате односите и веќе разнишаната врска да ја доведете во тешко искушение.

ЛАВ
До вас ќе дојдат непријатни вести. Тоа може целосно да ви ги помати не само плановите за денот, туку и за целата седмица. Вашата посветеност на новонастанатите проблеми може да предизвика превиди и грешки. Бидете претпазливи, многу е важно денеска да бидете концентрирани.

ДЕВИЦА
Сите погледи се насочени кон вас. Опкружени сте со луѓе чијашто судбина, на некој начин, зависи од потезите коишто вие треба да ги повлечете. Непријатно е тоа што сте свесни дека некои луѓе не можете да ги поштедите, иако тие тоа не го заслижуваат. Не ги мешајте емоциите и работата.

ВАГА
Иако чувствувате по кој пат треба да се движи вашиот натамошен професионален развој, и натаму се двоумите. Доколку ја прифатите секоја понуда во овој момент, дури иако не е на прв поглед примамлива, доголрочно ве очекува значително напредување, особено на финансиски план.

ШКОРПИЈА
Вашиот авторитет е во преден план. Иако ви годи кога луѓето ве прашуваат за мислење, некогаш и не ви е до тоа. Сега е таков момент. Итно ви е потребен одмор, па не се двоумете и дозволете си подолга пауза во која ќе закрепнете.

СТРЕЛЕЦ
Решителни сте да не се мешате во туѓите работи. Сепак, некој ви се доверива а не сте сигурни дали тоа треба да ви импонира или тие информации ќе ви создадат проблем. Ако не дадете отпор навреме, работите може значително да излезат од под контрола.

ЈАРЕЦ
Пред вас се сериозни задачи. Имате финансиски проблеми за коишто мора да пронајдете решение. Не наидувате на разбирање ниту во семејството, па и тоа дополнително ве оптоварува.. Кода добро ќе се одморите, ќе се појави и решението коешто сега не го гледата.

ВОДОЛИЈА
Тежнеете кон слободата, но подобро е да се воздржите бидејќи не е поволен период за бунтување. Дисциплинирано и навремено завршете сѐ што се очекува од вас, и така ќе ги избегнете напнатите апсекти кои може да ви го расипат расположението и да ги упропастат денешните планови.

РИБИ
Време е за кус одмор, но сепак не си дозволувајте претерано опуштање. Искористете го денот да ги расчистите заостанатите обврски. Покрај тоа, ова е идеален момент да ги обновите старите контакти со пријателите кои ги запоставивте изминатиот период.