ОВЕН
Работа: Важно е добро да се организирате за да стигнете се на време. На работнто поле може да имате доста обврски.
Љубов: Ви недостасува вашата слобода и сакате промени. Можен е прекин на врската наскоро.
Здравје: Ве мачи мигрена.
БИК
Работа: Пред вас е поволен ден за промени на ова поле. Ако сте планирале менување на работното место, ќе успеете.
Љубов: Ве очекува добар период за љубов. Задоволни сте од мирната ситуација.
Здравје: Настинка.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Многу сте упорни и ќе направите се што можете за да дојдете до саканите резултати на ова поле.
Љубов: Може да очекувате ново познанство кое ќе ви биде од големо значење за иднина.
Здравје: Чувствителни бели дробови.
РАК
Работа: Ве очекуваат позитивни пресврти како и шанса да остварите унапредување на работното поле.
Љубов: Посветете се на саканата личност и вашиот однос кој треба да се менува на некој начин.
Здравје: Крвниот притисок ви варира.
ЛАВ
Работа: Доколку се занимавате со приватна работа, можно е да имате шанса за почеток на нова соработка.
Љубов: Вашиот однос со личнсот која ви значи, може да биде посебен. Подготвени сте за вистинска љубов.
Здравје: Ќе ви годи поголема физичка активност.
ДЕВИЦА
Работа: Ако се занимавате со продажба на недвижности, поволен е денот да остварите некаков успех.
Љубов: Може да очекувате дека со саканата личност ќе решите некои мали несогласувања и односот ќе ви тргне кон подобро.
Здравје: Внимавајте на исхраната.
ВАГА
Работа: Ве очекува поволна атмосфера во комуникацијата со работното опкружување. Доаѓате до важни информации.
Љубов: Личност родена во знакот на Стрелец може да покаже дека е подготвена за сериозна врска со вас.
Здравје: Синусите малку ви се чувствителни.
ШКОРПИЈА
Работа: Пред вас е многу поволен ден за работа. Може да очекувате дека ќе успеете да го реализирате она што го планирате.
Љубов: Ако сте слободни, пред вас е поволен период за нова врска и нови познанства.
Здравје: Добро.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Ќе успеете да остварите договор кој на долги патеки ќе ви обезбеди подобро поле на заработувачка.
Љубов: Значаен ден на ова поле. Надевајте се на почеток на некоја сериозна врска.
Здравје: Проблеми со вртоглавица.
ЈАРЕЦ
Работа: Можно е во работното опкружување да имате некаков сомнеж и да не верувате доволно на своите соработници.
Љубов: Ви се допаѓа личност која е поврзана со странство, наскоро ќе имате врска на далечина.
Здравје: Циркулацијата е слаба.
ВОДОЛИЈА
Работа: Вашата креативност ќе се покаже во следниот период , па благодарение на неа ќе остварите подобри резултати.
Љубов: Ако ви се допаѓа личност која сте ја сретнале преку пријател, наскоро ве чека нова врска.
Здравје: Одлично се чувствувате.
РИБИ
Работа: Ве очекува прилика да дојдете до остварување на подобра ситуација кога е во прашање вашето работно поле.
Љубов: Сакате да почнете да носите важни одлуки со саканата личност и се надевате на заеднички живот.
Здравје: Хронични проблеми ви се враќаат.