вeн – Многу квалитетна завршница на работната недела е пред вас, особено ако склопите некоја нова соработка. Не е исклучена изненадувачка средба или повик од стара симпатија, па ете прилика за фина дружба. Многу добро здравје.
Биĸ – Солиден ден е пред вас. Причина за загриженост нема, затоа што се очекува поддршка од личност од авторитет, а не е исклучена ниту нова понуда. Ако сакате себе да си дозволите чувство на задоволство, бидете попустливи кон саканата личност. Физички замор.
Близнaци – Одличен ден за почеток на некои нови проекти или соработки, особено за оние кои службено се врзани за странство. Минлив флерт, ново познанство или нешто друго во љубовта ќе ви го поправи расположението во текот на денот. Можни метопатски реакции.
Paĸ – Би било добро овој петок да не си наметнувате премногу обврски затоа што заморот ве стигнува. Одработете го она што е најважно. Имате шанса на саканата личност да и ги покажете своите искрени чувтва и да се извадите за некои ситни пропусти кои сте ги направиле претходните денови. Многу добро здравје.
Лaв – Крајот на работната седмица го очекувате физички исрцпени и не баш воодушевени од постигнатото. Но, не очајувајте, ќе биде подобро. Ако планирате да се занимавате со истерување на правдата и кој е во право, а кој не, веднаш откажете се. Здравствено – присутен е замор.
Дeвицa – Очекувајте повеќе од задоволувачка завршница на оваа работна седмица. Важно е да не се откажувате од своите намери. Ако сакате акција на љубовното поле, само храбро напред. Повеќе околности треба да ви одат денеска од рака. Можни алергиски реакции.
Baгa – Потенцијално нема да има големи пречки на работното поле, само поработете малку на подобра организација и прецизини договори со соработниците. Немојте да бидете премногу пасивни на љубовното поле, но исто така не треба ниту да инсистирате многу денеска. Без значајни предупредувања на здравственото поле.
Cĸopпиja – Без проблеми ќе успеете да ги совладате сите пречки во текот на овој последен работен ден во неделата. Сите ваши актиности треба да бидат насочени кон саканата личност, но без големи очекувања и форсирање на крупни одлуки. Многу добро здравје.
Cтpeлeц – Доста повици и разговори ве очекуваат во текот на овој ден, првенствено врзани за некои нови договори. Пробајте незадоволството од саканата личност да го ублажите со отворен разговор и позитивни мисли. Можна главоболка.
Japeц – Задоволство успешно завршени професионални обврски, и тоа ви носи основа полека да почнете да работите на нови планови. Ве очекува некој нов проект. Во љубовта, сосема коректен ден е пред вас и некое пријатно изненадување или внимание подарете и на личноста која ја симпатизирате. Одлично здравје.
Boдoлиja – Многу добар и успешен работен ден е пред вас. Целата комуникација ќе биде главно на вас, а може да очекувате помош од некој од авторитетите. Со малку повеќе труд и пред се посветеност, ќе имате солидни шанси да бидете задоволни на љубовното поле. Здравјето е одлично.
Pиби – Со доста ментален напор, ќе успеете да се изборите со сите обврски на професионалното поле. Во љубовта, не е исклучена средба или повик од стара симпатија, па ете шанса за добро дружење. Можни болки во коските и мускулите.