ОВЕН
Незаинтересирани сте за нова работа која може да ви донесе дополнителни обврски на кои моментално не сте подготвени. Доколку ви се допаѓа некоја зафатена личност, може да се откажете од таква авантура. Подложни сте на инфекции.
БИК
Доколку сакате да остварите напредок, важно е да направите одговорна стратегија за своите потези. Воодушевени сте од личноста која ви значи и сакате да и предложите брак. Можни проблеми со варењето.
БЛИЗНАЦИ
Ве очекува поволен ден и може да се надевате дека на работното поле ќе ги остварите своите планови. Во вас се буди потребата со саканата личност да основате фамилија. Ќе ви годи рекреација.
РАК
Искористете ги своите контакти за на работното поле да остварите напредок кон кој тежнеете. Ве очеквуа средба со личност која ќе ви покаже дека е заинтересирана за некоја необврзувачка врска со вас. Одлично сте расположени.
ЛАВ
Дајте себе шанса да се одморите од работа. Немојте да се форсирате ако чувствувате дека моментално не ви оди. Наоѓате љубов заедно со вашиот партнер и задоволни сте додека уживате во прегратките. Внимавајте на срцето.
ДЕВИЦА
Конечно ќе може да завршите некои работи кои се одолговлекувале во минатиот период. Отворено ги покажувате своите чувства и се надевате дека партнерот ќе ви врати со иста мера. Одлично се чувствувате.
ВАГА
Може да очекувате дека работата ќе ви оди по стабилен тек во слендиот период. Подготвени сте за нова врска. Внатре во себе чувствувате дека сакате емоции и промена на љубовното поле. Мали проблеми со забите.
ШКОРПИЈА
Ве очекува тежок ден на работа. Потрудете се да избегнувате било какви ризици кои може да донесат губиток. Наклонети сте кон конфликти со личноста која ви значи. Важно е некогаш да покажете трпение. Низок притисок.
СТРЕЛЕЦ
Пред вас е период во кој може да имате доста работни промени. Подготвени сте за нови предизвици. Најдовте личност која ви се допаѓа и подготвени сте да ја освоите. Главоболка.
ЈАРЕЦ
Ве очекува поволна фаза за работа. Може да ги остварите плановите кои сте ги имале од минатото. Можно е да бидете изненадени од ставот кој вашиот партнер го покажува. Понекогаш се чини дека сте многу различни. Ќе ви годи медитација.
ВОДОЛИЈА
Можно е во работното опкружување да оставате впечаток на ладна и дистанцирана личност со која не е лесно да се соработува. Љубовен однос со Рак оди во погрешен правец. Не сте едно за друго. Проблеми со стомакот.
РИБИ
Не е поволен ден за работа, и многу лесно може да дојде до некои компликации и проблеми. Ве очекува интересно познанство со личност која ќе покаже дека е подготвена за нешто повеќе. Чувајте ги бубрезите.